1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Распоредот на десетте најдобри во Германија неделава изгледа вака:

default

DJ David Guetta и Kelly Rowland го имаат најголемиот летен хит годинава

1. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Емилијана Торини доаѓа од Исланд, островска држава во Атлантскиот Океан, со околу 320.000 жители. Jungle Drum е насловот на синглот што и понатаму останува најкупуван во музичките продавници и најмногу даунлодиран од интернет.

2. Cassandra Steen & Adel Tawil - Stadt

2. Lady Gaga - Poker Face

4. Davit Guetta ft. Kelly Rowland - When Love Takes Over

When Love Takes Over e соработка меѓу францускиот диџеј David Guetta и поранешната членка на Destiny's Child, Кelly Rowland, која ќе се најде на четвртиот албум на Guetta, насловен One Love.

Linkin Park Juni 2009

Linkin Park на премиерата на филмот „Трансформерс“

5. Linkin Park - New Divide

Linkin Park, по подолга музичка пауза, повторно се вратија на сцената со синглот New Divide, преземен од саундтракот за филмот Трансформерс.

6. Sportfreunde Stiller - Ein Kompliment

7. The Black Eyed Peas - I Gotta Feeling

По Boom Boom Pow, ова е вториот синлг што Black Eyed Peas го издаваат од новиот албум, насловен The E.N.D (The Energy Never Dies). Неделава си ја обезбеди седмата позиција во Германија.

Cover des Michael Jackson Albums Thriller

Насловната страна на синглот „Thriller“

8. Lady Gaga - Love Game

9. Michael Jackson - Thriller

Смртта на Мајкл Џексон придонесе во изминативе недели драстично да се зголеми продажбата на неговите албуми и синглови, а сето тоа е регистрирано и на овонеделниот топ сто. Само меѓу најдобрите дваесет има дури четири синглови на Мајкл Џексон, a Thriller се најде и меѓу најдобрите десет за оваа недела.

10. Aha - Foot Of The Mountain