1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата на најдобрите десет за оваа недела изгледа вака:

default

Досега беше скептичен дека ќе ја спушти Лејди Гага од врвот

1. Daniel Schuhmacher - Anything But Love (новитет)

Има 21 година, а до пред неколку месеци беше сосема анонимен во Германија. Но сето тоа стана минато пред две недели, кога победи во шестата сезона на германското издание на Поп Идол, Германија бара суперѕзведа. Даниел Шумахер претходно ниту земал часови по пеење, ниту свирел на инструмент, ниту пеел во некој бенд, но успеа да го оствари својот сон - да стане ѕвезда. Првото место во Германија му припаѓа токму нему и неговиот прв официјален сингл, Anything but love.

Alexander Rybak aus Norwegen gewinnt den Eurovision Song Contest

Приказната да победи на Евровизија за Александер Рибак стана реалност

2. Lady Gaga - Poker Face

3. Mark Medlock - Mamacita

4. Alexander Rybak - Fairytale (новитет)

Момчето од Норвешка, кое пред неколку недели ја освои Европа со неговата приказна, што ја испеја на Изборот за песна на Евровизија. Александар Рибак со Fairiytale како новитет неделава се најде на четвртата позиција.

5. Milow - Ayo Technology

6. Black Eyed Peas - Boom Boom Pow

The E.N.D. е насловот на новиот, петти студиски албум на американската хип-хоп атракција Блек ајд пис, кој во музичките продавници ќе се најде на трети јуни. Boom Boom Pow е синглот што го најавува повторното присуство на бендот на сцената.

7. Beyonce - Halo

8. Razorlight - Wire To Wire

9. Silbermond - Irgendwas bleibt

Album-Cover Silbermond nichts passiert

Албумот на Зилбермонд, Nichts passiert

Синглот Irgendwas bleibt се најде на третото студиско остварување на бендот, албумот Nichts passiert, што беше официјално издаден во март и веднаш се најде на првите места на албумските листи во Германија, Австрија и Швајцарија.

10. Flo Rida ft. Kesha - Round Round

Од новитетите ги издвојуваме:

Snow Patrol

Сноу патрол влегуваат како новитет во германскиот топ сто

33. Mando Diao - Gloria

Зад себе имаат пет албуми, од кои последниот, Give Me Fire, беше издаден оваа 2009 година. Инаку Мандо Диао е бенд од Шведска, кој во Германија постигна особено голем успех со претходниот сингл, Dance With Somebody.

49. Snow Patrol - Crack The Shutters

Членовите на Сноу Патрол доаѓаат од Северна Ирска и Шкотска, досега се најпознати по синглот Chasing Cars. Темата Crack The Shutters меѓу новитетите на германскиот топ сто, од нивниот нов, петти студиски албум A Hundred Million Suns.