1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата на најпродавани десет за оваа недела изгледа вака:

default

Минатата недела новитет, овојпат влегува меѓу најдобрите десет - Еминем

1. Lady Gaga - Poker Face

Дванаесетта недела без промени на шампионската позиција - на врвот и понатаму останува Лејди Гага со Poker Face.

Justin Timberlake MTV Europe Music Awards

По неколкугодишна пауза и соло-проекти, Блек ајд пис повторно со заеднички проект

2. Mark Medlock - Mamacita

3. Milow - Ayo Technology

4. Black Eyed Peas - Boom Boom Pow (новитет)

Огромен успех на новиот сингл на Блек Ајд Пис, една недела по издавањето во Америка веќе се најде на првата позиција на Билборд хот 100, а шампионските позиции ги освои и во Велика Британија, Турција, Канада, Австралија и во уште неколку други земји.

5. Razorlight - Wire To Wire

Destiny's Child

За малку нејзиниот хит можеше да и` припадне на Леона Луис

6. Beyonce - Halo

Aвторот на песната најпрвин и ја понудил Halo на британската пејачка Лиона Луис, но таа не била во можност да ја сними во времето кога тоа го сакал нејзиниот композитор. Така стигна до рацете на Бијонсе и и` обезбеди први места на листите во Израел и Норвешка.

7. Flo Rida ft. Kesha - Right Round

8. Silbermond - Irgendwas Bleibt

9. Eminem - We Made You

Цели пет години траеше музичкиот молк на Еминем, но на 15 мај официјално го издаде новиот, шести по ред студиски албум, Relapse. На првиот сингл, We Made You, повторно не ја заобиколи можноста да ги исмее популарните, а негова мета овојпат беа Сара Пелин и пејачката Џесика Симпсон.

10. Ciara ft. Justin Timberlake - Love Sex Magic

Токму поради снимањето на овој сингл, Сијара го одложи датумот на издавањето на нејзиниот трет студиски албум. Песната најпрвин ја снимила сама, но откако се отворила можноста за соработка со Џастин Тимберлејк - таа едноставно не сакала да ја испушти.

Од новитетите ги издвојуваме:

Sängerin Lily Allen auf der Bühne

Во новиот сингл повторно пее за нејзината омилена тема - односите меѓу мажите и жените

21. Keri Hilson ft. Timbalend - Return The Favor

Return The Favor е вториот официјален сингл на Кери Хилсон, преземен од нејзиниот деби-албум In a Perfect World. Во новата песна прстите повторно ги замеша продуцентот Тимбаленд.

23. Lily Allen - Not Fair

Меѓу новитетите неделава ја сретнуваме и Британката Лили Ален со вториот сингл од вториот албум It's Not Me, It's You. Песната е насловена Not Fair, а официјално беше издадена на 11 мај.