1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Листата на најпродаваните десет за оваа недела изгледа вака:

default

Еден од новитетите оваа недела, Финците Sunrise Avenue

1. Lady Gaga - Poker Face

Ниту по десет недели нема промени на врвот во Германија, таму и понатму се наоѓа Лејди Гага, која минатиот викенд пристигна во Австралија, како дел од нејзината светска турнеја.

Sängerin Lady Gaga

Никој не успева да и` го одземе тронот - Лејди Гага

2. Mark Medlock - Mamacita

Марк Медлок е победник од четвртата сезона на шоуто за таленти, „Германија бара суперѕзведа“. Инаку, минатиот викенд заврши и шестата сезона од ова популарно музичко шоу, а победник беше 22-годишниот Даниел Шумахер.

3. Milow - Ayo Technology

4. Razorlight - Wire To Wire

5. Beyonce - Halo

6. Flo Rida ft. Kesha - Right Round

7. Ciara ft. Justin Timberlake - Love Sex Magic (новитет)

Синглот Love Sex Magic е преземен од третиот албум на Сијара, насловен Fantasy Ride, кој на трети мај беше издаден во Велика Британија, а два дена подоцна се најде и во музичките продавници ширум САД.

8. Silbermond - Irgendwas bleibt

kelly Clarkson

Кели Кларксон се враќа меѓу најдобрите десет во Германија

9. Kelly Clarkson - My Life Would Suck Without You

Кели Кларксон оваа недела повторно се враќа меѓу десетте најпродавани, со првиот сингл од нејзиното четврто по ред студиско остварување со наслов All I Ever Wanted.

10. Pink - Please Don't Leave Me

Од новитетите ги издвојуваме:

11. Eminem - We Made You

Der Elternschreck auf Tour

Еминем се враќа со нов албум

На само чекор до најдобрите десет оваа недела како новитет влегува и Еминем, раперот кој по петгодишна музичка пауза се враќа на сцената со новиот албум, насловен Relapse.

28. Sunrise Avenue - The Whole Story

Финскиот поп-рок состав Sunrise Avenue, досега се најмногу познати по темата Fairytale Gone Bad, од нивниот деби албум во 2006 година. Оваа година се враќаат со нов албум, насловен Popgasm.