1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најновиот распоред на најдобрите десет изгледа вака:

default

Како новитет директно на втората позиција - Марк Медлок

1. Lady Gaga - Poker Face

Деби-албумот на Лејди Гага, The Fame, беше издаден минатиот декември и во првите недели се продаде во 24.000 примероци. Тоа беше доволно да ја донесе на врвот на Билбодровата листа на најпродавани плочи и повеќе од доволно за два месеци да остане на врвот во Германија.

2. Mark Medlock - Mamacita (новитет)

Во Германија едно од најпопуларните пејачки имиња и победник во четврата сезона од шоуто за таленти, Германија бара суперѕзведа - Марк Медлок со синглот Mamacita, како најава за неговиот трет студиски албум. Неговото официјално издавање е закажано за 22 мај.

Beyonce und Tina Turner

Бијонсе на сцена со Тина Тарнер

3. Milow - Ayo Technology

4. Razorlight - Wire To Wire

5. Flo Rida ft. Kesha - Right Round

6. Beyonce - Halo

Покрај успешната музичка кариера, Бијонсе често се појавува и на големото платно, а покрај тоа, таа е заштитно лице на компании како Пепси, Томи Хилфигер и Лореал. Темата Halo e веќе четвртиот сингл, издаден од нејзиниот нов студиски албум, I am... Sasha Fierce.

7. Silbermond - Irgendwas bleibt

8. Pink - Please Don't Leave Me

Die Sängerin Pink

Пинк на концерт

Минатата недела ја слушавме како новитет, Пинк со синглот Please Don't Leave Me овојпат се искачува за една позиција до деветтата. Нејзиниот петти студиски албум, Funhouse, досега се продаде во преку 3.5 милиони примероци ширум светот.

9. T.I. feat. Justin Timberlake - Dead And Gone

10. Metro Station - Shake It

Американскиот поп-рок состав Метро Стејшн е оформен во 2006 година, а синглот Shake It е нивно прво остварување што се најде на Билбордовата листа на најпродавани синглови во САД.

Од новитетите ги издвојуваме:

18. Eisblume - Leben ist schön

Sängerin von der Band Eisblume

Рија, гласот што се крие зад бендот Ајсблуме

Меѓу новитетите оваа недела се најде германскиот бенд Ајсблуме. Од деби-албумот, Unter dem Eis, ова е вториот официјално издаден сингл. Leben ist schön - или Животот е убав.

23. Taylor Swift - Love Story

Младата американска кантри-поп пејачка, Тејлор Свифт, пробивот на музичката сцена го направи во 2006 година со синглот Tim McGraw. Минатата година го издаде и вториот албум, Fearless.