1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Проверете го распоредот на десетте најпродавани!

default

Пинк со новиот сингл влегува како новитет на листата во Германија

1. Lady Gaga - Poker Face

Лејди Гага веќе осум недели по ред го држи шампионското место во Германија. Минатиот октомври го издаде деби-албумот The Fame, кој во првите недели се продаде во 24.000 примероци и ја донесе на врвот на Билбодровата листа на најпродавани плочи.

2. Milow - Ayo Technology

3. Razorlight - Wire To Wire

Петтиот сингл на бендот што успева да влезе меѓу најдобрите пет во Велика Британија, а ништо полошо не помина ниту во Германија - Wire To Wire за Резорлајт од третата позиција.

Beyonce auf der 'Ladies First' Tour

Бијонсе на турнејата "Ladies First"

4. Flo Rida ft. Kesha - Right Round

5. Silbermond - Irgendwas Bleibt

6. Beyonce - Halo

Од новиот албум што го носи насловот I am... Sasha Fierce, новиот сингл на Бијонсе се најде на шестата позиција. Со тоа, поранешната членка на мега-успешната женска група Дестинис чајлд уште еднаш ја потврдува својата позиција на една од најпродаваните пејачки на денешницата.

7. Depeche Mode - Wrong

8. T.I. ft. Justin Timberlake - Dead And Gone

9. Pink - Please Don't Leave Me (new)

Алиша Мур, попозната како Пинк, со синглот Please Don't Leave Me, од новиот албум Funhouse, издаден кон крајот на минатата година - оваа недела се пласира на деветтата позиција, како новитет во Германија.

10. Metro Station - Shake It

Од новитетите ги издвојуваме:

76. Jennifer Hudson - If This Isn't Love

Jennifer Hudson, Grammy 2009

Џенифер Хадсон на доделувањето на наградите „Греми“ 2009

Нејзиниот живот преку ноќ се промени, откако во 2004 година победи во третата сезона од американското шоу за таленти, Американ Ајдол. Оттогаш Хадсон не само што го сними успешниот деби-албум, туку почна да настапува во високобуџетни филмски изданија, а за нејзината деби-улога во „Дримгрлс“ доби и Оскар за најдобра споредна женска улога.

24. Linda Teodosiu - Love Sux

И Линда Теодосиу е дел од оние пејачки кои славата ја постигнуваат инстантно, благодарение на реалните шоуа за одбирање нови таленти. Овојпат се работи за петтото продолжение на германската верзија на Поп идол, насловено Германија бара супер-ѕвезда, каде Теодосиу се пласираше на третата позиција.