1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Ова е распоредот на најдобрите десет за оваа недела:

default

Некој се пошегува со вокалните способности на Бијонсе

1. Lady Gaga - Poker Face

На шампионската позиција, веќе седум недели по ред континуирано се наоѓа Лејди Гага со Poker Face од нејзиниот мега-успешен деби албум Fame.

2. Milow - Ayo Technology

3. Razorlight - Wire To Wire

Петтиот сингл на бендот што успева да влезе меѓу најдобрите пет во Велика Британија, а ништо полошо не помина ниту во Германија - Wire To Wire за Резорлајт оваа недела од третата позиција.

Depeche Mode

По четиригодишна пауза, повторно на сцената - Депеш Мод

4. Flo Rida ft. Kesha - Right Round

5. Silbermond - Irgendwas bleibt

6. Depeche Mode - Wrong

Претходниот албум го издадоа во 2005, а четиригодишната музичка пауза резултира со новиот албум, насловен Sounds Of The Universe, кој официјално беше издаден минатата недела. Од основањето во 1980 година, досега Британците Депеш Мод имаат продадено повеќе од 75 милиони албуми.

7. Mando Diao - Dance With Somebody

8. Beyonce - Halo

Во јавноста неодамна се појави аудио снимка на нејзината песна „If I were a boy“, во која беа доведени во прашање пејачките квалитети на оваа популарна американска музичка дива. Во јавноста се обрати и самата Бијонсе, која откако ја преслушала спорната снимка, потврдила дека не е автентична. Ова набрзо го признал и самиот автор на снимката, кој потврди дека се работи за невкусна шега.

9. T.I. ft. Justin Timberlake - Dead And Gone

USA 2007 MTV Video Music Awards Justin Timberlake

Џастин и уште еден негов добар соработник, продуцентот Тимбаленд

Dead And Gone е последната тема што официјално се издава како сингл од шестиот по ред студиски албум на раперот Ти Ај, Paper Trail. Инаку, ова не е прва соработка на двајцата пејачи, тие веќе го имаат зад себе мегауспешниот сингл My Love.

10. Metro Station - Shake It

Од новитетите ги издвојуваме:

22. Jason Mraz ft. Colbie Colliet - Lucky

Popsänger Jason Mraz 2006

Џејсон Мраз ја одбра анонимната Колби за новиот дует

Темата е преземена од третиот студиски албум на Џејсон Мраз, насловен We Sing. We Dance. We Steal Things. Колби Колие, пак, е млада музичарка чија кариера почна благодарение на друштвената мрежа Мајспејс, каде стана популарна преку синглот Bubble.

79. Ich + Ich - Stark

Членовите на дуото Ich + Ich случајно се запознале во едно тонско студио во Берлин во 2002 година. Анете Хумпе и Адел Тавил, почнаа да работат на заеднички материјал, што се појави во 2005 година, а го носеше името на бендот. Во 2007 година го издадоа и вториот албум, насловен Vom selben Stern .

ТТ/Дв

Редактор:Жана Ацеска