1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Најдобрите десет за оваа недела изгледаат вака:

default

Пет последователни број еден хитови во Германија - Сара Конор

1. Lady Gaga - Poker Face

Лејди Гага веќе четврта недела по ред убедливо го држи тронот во Германија.Апсолутен фаворит, по бројот на продадени и даунлодирани синглови.

2. Milow - Ayo Technology

Justin Timberlake, Porträt wird bei den American Music Award ausgezeichnet

Џастин Тимберлејк не е на листата, но неговиот хит повторно освојува

Минатата недела влезе како новитет на третото место, оваа недела се искачува до вицешампионската позиција - белгискиот пејач Мајлоу и акустичната верзија на А yo Technology, големиот хит за Џастин Тимберлејк и Фифти Сент.

3. Silbermond - Irgendwas bleibt

4. Razorlight - Wire To Wire

5. Flo Rida feat. Kesha - Right Round

Во синглот на Флоу Рајда е вклучен семпл од големиот хит на Дед ор алајв од 1984 година, You Spin Me Round. Инаку темата е преземена од вториот албум на раперот, насловен R.O.O.T.S. и веќе ги освои првите места во САД, Канада, Австралија, Ирска и Велика Британија.

6. Mando Diao - Dance With Somebody

7. Kelly Clarkson - My Life Would Suck Without You

8. James Morrison feat. Nelly Furtado - Broken Strings

9. Enrique Iglesias feat. Sarah Connor - Takin' Back My Love

CD-Cover Enrique Iglesias Enrique

На новиот сингл соработува со германската пејачка Сара Конор - Енрике Иглесијас

Сара Конор е единствената германска пејачка на која и` успеало да има четири последователни број еден синглови на германската топ-листа. Кариерата ја почна во 2001 година, а From Sarah With Love е едно од нејзините најпознати остварувања. Местото број девет оваа недела е резервирано за соработката со Енрике Иглесијас, во темата Takin' Back My Love.

10. Metro Station - Shake It

Американскиот поп-рок состав, Метро Стејшн, неделава влегува меѓу најдобрите десет во Германија. Инаку бендот популарноста ја стекнаа делумно и поради тоа што еден од членовите и` е брат на тинејџерската ѕвезда, Мајли Сајрис. Во 2007 година го издаваат деби-албумот, штого носи нивното име.

Од новитетите ги издвојуваме:

20. Take That - The Garden

Формирани се во 1990 година и реоформени во 2005, но без еден од најпополурните членови, Роби Вилијамс, кој за разлика од другите колеги од групата, успеа да изгради успешна соло-кариера. Во последно време се загреваат гласините дека е можно да се врати во бендот, но засега се` уште нема официјална потврда.

39. Brandy - Right Here (Departed)

Темата Right Here (Departed) е првиот сингл од петтиот по ред студиски албум, Human, на американската пејачка Бренди.