1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Германскиот топ десет за оваа недела изгледа вака:

default

Пет шоп бојс со нов албум, Yes

1. Lady Gaga - Poker Face

Sängerin Lady Gaga

Американката со италијанско потекло се` уште на врвот - Лејди Гага

На првото место веќе трета недела по ред без промени - американската поп-атракција чија музичка инспирација потекнува од имиња како Дејвид Боуви, Квин, Мадона и Мајкл Џексон. За својот успех треба да му биде најмногу благодарна на раперот Ејкон, кој го забележа нејзиниот талент и ја зема во неговата издавачка куќа Kon Live Distribution. Резултат е албумот The Fame и голем број хитови од него.

2. Silbermond - Irgendwas bleibt

3. Milow - Ayo Technology

Џонатан Ванденбрук е неговото вистинско име, а попознат е како Мајлоу. Доаѓа од Белгија, а ширум Европа се прослави благодарение на преработката на хитот Ayo Technology, во оригинална изведба на Џастин Тимберлејк и 50 Сент. Синглот веќе ги освои првите места на листите во Холандија и Белгија.

4. Razorlight - Wire To Wire

5. James Morrison ft. Nelly Furtado - Broken Strings

6. Mando Diao - Dance With Somebody

7. Kelly Clarkson - My Life Would Suck Without You

kelly Clarkson

Повеќе контрола - Кели Кларксон се враќа со нов албум, All I Ever Wanted

Животна приказна на оваа девојка се промени во 2002 година, откако триумфираше во првата сезона од американското издание на Поп идол. Кели Кларксон во текот на годините успеа да преземе повеќе контрола врз нејзиниот имиџ и музика. На десетти март е издаден и нејзиниот четврти по ред студиски албум, насловен All I Ever Wanted, a темата My Life Would Suck Without You оваа недела се најде на позицијата со реден број седум.

8. Peter Fox - Haus am See

9. Kings Of Leon - Use Somebody

Американските алтернативци велат дека пораснале со музиката на Ролинг Стоунс, Нил Јанг и Бед компани, чие музичко влијание и денес може да се почувствува во нивната работа. Минатата 2008 го издаваат албумот Only By The Night.

10. Lady Gaga - Just Dance

Од новитетите ги издвојуваме:

15. Pet Shop Boys - Love Etc.

Brit Awards 2009 Pet Shop Boys

Пет Шоп Бојс на доделувањето на овогодинешните награди Брит

Составот што ја доби наградата за особена заслуга во промовирањето на британската музика на овогодинешните Brit Awards е формиран на почетокот од осумдесетите години, а досега имаат продадено повеќе од педесет милиони албуми ширум светот. Најновото од нив е синглот Love Etc., преземен од новиот албум Yes, кој е веќе во продажба.

32. The Last Goodnight - Pictures Of You

Членовите на бендот The Last Goodnight одамна работат заедно, но во 2006 година конечно успеваат да добијат договор со значајна издавачка компанија, Вирџин рекордс. Оттогаш го менуваат името во The Last Goodnight и една година подоцна, во 2007, го издаваат успешниот албум, насловен Poison Kiss.