1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Германскиот топ-десет за оваа недела изгледа вака:

default

Лејди Гага - од текстописец до поп-ѕвезда

1. Silbermond - Irgendwas bleibt

Германскиот поп-рок бенд Зилбермонд го најавува третиот албум, насловен "Nichts passiert“, кој е подготвен и чека да се најде во музичките продавници на дваесетти март, по што бендот ќе тргне и на промотивна турнеја ширум Германија. „Irgendwas bleibt“ е насловот на синглот што го најавува албумот и оваа недела влегува на германскиот топ-сто како новитет, директно на шампионската позиција.

2. Lady Gaga - Poker Face

Лејди Гага влегува како новитет директно меѓу најдобрите десет во Германија. Интересно за неа е што првата балада за клавир ја напишала кога имала само 13 години, а пред да ја почне музичката соло-кариера работела како текстописец за познати имиња од поп-музиката, како Ферги, Пусикет Долс и Бритни Спирс. Стефани Џоан Анџелина Германота е нејзиното вистинско име, а со тоа е сосема разбирливо зошто нејзиното сценско име е Лејди Гага.

Johnny Borrell

Џони Барел, фронтменот на Razorlight

3. Razorlight - Wire to Wire

4. James Morrison ft. Nelly Furtado - Broken Strings

5. Mando Diao - Dance With Somebody

Доаѓаат од Шведска, а формирани се во 1999 година. Првиот албум го издаваат во 2002 година, под насловот „Bring 'Em In“, по што стекнуваат фанови, пред се`, во Шведска, но и во Германија, Велика Британија и Јапонија. На 13. февруари го издадоа третото студиско остварување, „Give Me Fire“.

6. Tim Toupet - So Ein Schöner Tag

7. Peter Fox - Schwarz zu blau

Peter Fox, Echo

Петер Фокс, лево, на овогодинешното доделување на наградите Ехо

Петер Фокс оваа недела е двапати застапен на германската топ десет листа. Темата „Schwarz zu blau“ победи на германскиот избор за песна за Евровизија и ќе ја претставува Германија во Москва.

8. Peter Fox - Haus am See

9. Die Toten Hosen - Alles was war

10. Katy Perry - Hot N Cold

Пред да го издаде мега-успешниот сингл „I kissed a girl“, Кетрин Елизабет Хадсон, или попозната како Кети Пери, беше отпуштана од три различни дискографски компании. Во 2007 година потпиша со „Capitol Music Group“ и за нив го издава првиот мејнстрим албум, под наслов „One of The Boys“.

Од новитетите ги издвојуваме:

Grammy Awards Bono

Нов албум на хоризонтот: "No Line On The Horizon" за U2

19. U2 - Get on Your Boots

Новиот сингл на U2, насловен „Get on Your Boots“ е најава за дванаесеттиот по ред студиски албум на бендот, „No Line On The Horizon“.

23. QueensBerry - Can't Stop Feeling

Германскиот женски бенд QueensBerry е оформен по аудицијата на таленти што ја организираше телевизискиот канал Про Зибен. Во финалето влегоа 21 девојка, но во QueensBerry имаше место само за четири од нив. Нивниот прв албум е насловен „Volume 1“, а “Can't Stop Feeling” е вториот сингл од него.