1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дали љубовните проблеми на Ријана и помогнаа да се задржи меѓу најдобрите десет во Германија? Ви откриваме кои песни неделава се најдоа на врвот на германската топ листа.

default

Пинк се враќа со новиот албум "Funhouse"

Германскиот топ десет за неделава изгледа вака:

1. James Morrison ft. Nelly Furtado - "Broken Strings"

2. Mando Diao - "Dance with Somebody"

Mando Diao

Дали Мандо Диао се следниот кандидат за шампионската позиција?

Шведскиот состав Mando Diao досега имаат издадено пет студиски албуми, а "Dance with Somebody" е темата што ја најави плочата „Give me fire“, издадена на 13. февруари.

3. Eisblume - "Eisblumen"

4. Katy Perry - "Hot n Cold"

5. Polarkreis 18 - "Allein allein"

6. The Killers - "Human"

7. Cassandra Steen - "Darum leben wir"

Германката Касандра Штен, која е голема љубителка на оперски арии, веќе со 14 години почнала да посетува часови по соло пеење. Со седумнаесет години преминува во друга музичка насока - станува член на германскиот рап-состав „Фројндескрајс“. Потоа следува неколку неуспешни години за пејачката, но во 2001 година конечно успева да го издаде првиот хит-сингл, кој на германската листа се искачи до петтата позиција. Оваа година 29-годишната пејачка го издаде соло албумт „Darum leben wir“. Нејзиниот нежен глас со соул примеси ги освои фановите ширум земјата и го донесе синглот „Darum leben wir“ на седмата позиција.

8. Rihanna - "Rehab"

Sängerin Rihanna

Последните информации велат дека Ријана сепак останува со Крис Браун

Пејачката од Карибите и нејзиното момче, раперот Крис Брау, деновиве беа во фокусот на јавноста поради јавната кавга, која за Ријана заврши трагично - беше пренесена во болница поради ударите што ги доби од нејзиното момче. Во прес-конференцијата по инцидентот, Крис Браун изрази жалење за неговото однесување, со ветување дека вакво нешто нема да му се повтори. Можеби токму поради ова причина, Ријана е се` уште меѓу најдобрите десет во Германија.

9. Die Zipfelbuben - "Hier im Dschungel"

10. Pink - "Sober"

Од новитетите ги издвојуваме:

37. Kanye West - "Heartless"

Meѓу овонеделните новитети на германската листа е и американскиот рапер, пејач и продуцент кој во неговата неколку годишна кариера има освоено ни помалку ни повеќе - туку десет греми награди. Kanye West во 2002 година преживеа тешка сообраќајна несреќа, но само неколку месеци подоцна го издаде синглот „Through The Wire“. Потоа, Kanye West работеше уште понапорно - но затоа и не мораше долго да чека на меѓународен успех. Неговиот нов албум, „808's & Heartbreak“, беше издаден кон крајот на минатата година и повторно се искачи на првата позиција на албумските листи. По „Love Locked Down“, „Heartless“ е вториот официјален сингл од албумот.

56. The Rasmus - "Justify"

Финскиот рок-бенд The Rasmus е формиран во 1994 година, и како и повеќето млади состави, на почетокот се собирале и вежбале по гаражи. Така беше се` до првиот настап во нивното училиште во Хелсинки, а една година подоцна го издаваат и деби-синглот „First“. Во меѓувреме, бројот на членови се зголеми на четворица, а минатата година го издадоа осмиот албум во нивната кариера, насловен како „Black Roses“. Од него, синглот „Justify“ оваа недела влегува на германскиот топ-сто на местото 56.