1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Германската сингловска листа неделава не носи новитети меѓу најпродаваните десет, но затоа неколку песни бележат голем скок во пласманот.

default

Jupiter Jones

1. Party Rock Anthem - LMFAO

Американското дуо LMFAO соработката ја почна пред пет години, но приватно се знаат практично цел живот, бидејќи се роднини. Нивниот пат кон врвот на листата се одвиваше бавно, но сигурно. Неделава стигнаа до целта со темата Party Rock Anthem.

2. Give me Everything - Pitbull feat. Ne-Yo, Afrojack & Nayer

Првата половина од 2011 година дефинитивно му припаѓаше на Pitbull, а се чини дека тоа наскоро нема да се промени. Напротив, во петокот излезе новиот албум на раперот, насловен Planet Pitt. На плочата, меѓу другите, има соработки со Marc Anthony, Kelly Rowland, Ne-Yo и Chris Brown.

3. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

При неодамнешната посета на Германија, Pitbull во интервју откри како дошло до соработката со Jennifer Lopez - имено преку нејзиниот сопруг Mark Anthony. Pitbull откри дека тие се многу добри пријатели и оти и двајцата знаат како изгледа животот на улица.

Flash-Galerie Verleihung der MTV Video Music Awards in New York

Доминацијата на Pitbull продолжува со издавањето на албумот Planet Pitt

4. Mr. Saxobeat - Alexandra Stan

Alexandra Stan доаѓа од Романија и пред да ја почне музичката кариера имала голем проблем - била претерано срамежлива. Со цел да ја надмине таа слабост, Alexandra почнала да си кажува себеси дека е најдобра, што многу и` помогнало да ја надмине срамежливоста.

5. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Со оглед на популарноста на разните емисии во кои се избираат музички таленти, Snoop Dogg дојде на идеја да организира кастинг-шоу, преку кое треба да се избере нова рап-ѕвезда. Како член на жирито, меѓу другите, би сакал да го види Jay Z. Единствениот проблем е што досега не се најде телевизиска куќа, која би го прикажувала шоуто.

6. Price Tag - Jessie J feat. B.o.B

Jessie Ј минатата недела доживеа незгода за време на пробата за настап на стадионот Вембли. Таа имено падна од платформа, при што ја повреди ногата. Пејачката веднаш беше пренесена во болница, а нејзиниот настап беше откажан. Jessie J преку Twitter ги информира фановите дека извесен период ќе мора да оди на штаки.

7. Call My Name - Pietro Lombardi

Иако Pietro Lombardi како победник на кастинг-шоуто „Идол“ доби шанса да сними деби-албум, ниту неговите конкуренти од популарната емисија не седат со скрстени раце. Неколку од најдобрите десет, како на пример Ardian Bujupi и Sebastian Wurth веќе работат на деби-сингловите, а се шушка дека и албумот на второпласираната во шоуто, Sarah Engels, исто така е при крај.

Flash-Galerie Sarah Engels und Pietro Lombardi

Sarah Engels и Pietro Lombardi - вљубени конкуренти

8. Set Fire to the Rain - Adele

Adele минатата недела постави нов рекорд. Таа имено е првата пејачка од Велика Британија во ова столетие 21, чиј албум десет недели по ред го држи врвот на американската албумска листа. Последен пат тоа му успеа на нејзиниот сожител George Michael со албумот Faith во 1987 година, кога 12 седмици по ред беше најпродавана плоча во САД.

9. A Night Like This - Caro Emerald

За уште еден рекорд неделава се погрижи и холандската пејачка Caro Emerald, која е навистина голема ѕвезда во нејзината татковина. Албумот Deleted Scenes From The Cutting Room Floor го освои првото место на сингловската листа во Холандија и остана таму цели 29 недели. Со тоа пејачката, чиј музички стил е инспириран од педесеттите години, го сруши рекордот, кој досега му припаѓаше на Michael Jacskon и албумот Thriller.

10. Still - Jupiter Jones

Jupiter Jones е германски бенд, формиран на една забава во 2002 година. Препознатлив знак на составот се комплицираните текстови, кои ги пишуваат исклучиво на германски. Неделава бележат искачување од една позиција со синглот Still, кој во април, според статистиките, беше најпуштаната песна на германските радија.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Александра Трајковска