1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Дојче веле ви ги претставува десетте најпродавани синглови во Германија, врз основа на побарувачката во музичките продавници и дигиталната продажба на интернет.

default

Бендот Krypteria со химната на клубот Борусија Дортмунд

1. Call My Name - Pietro Lombardi

Победникот од осмата сезона на кастинг-шоуто Идол, Pietro Lombardi, oстанува на првата позиција со победничката песна Call My Name. Во меѓувреме, излезе и неговиот нов албум, насловен Jackpot.

2. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

Лоши вести за Jennifer Lopez: суд во Лос Анџелес му одобри на Ojani Noa, првиот сопруг на пејачката и актерка, да ги објави приватните домашни снимки на парот, од периодот додека биле заедно. Lopez ја поминува цела 2011 година во обновување на својата кариера, но снимките би можеле да претставуваат чекор назад.

3. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

И додека Snoop Dogg повторно ги освојува листите ширум светот, во британските медиуми се шират шпекулации дека раперот наскоро ќе биде затворен. Не се работи за некој прекршок, туку продуцентите на телевизиското шоу „Големиот брат“, преговараат со Snoop Dogg тој да биде дел од учесниците во реалното-шоу, каде друштво би му правел проблематичниот актер Charlie Sheen.

Flash-Galerie Jazz Sängerin Caro Emerald

Caro Emerald ја освојува Европа

4. A Night Like This - Caro Emerald

Четвртото место резервирано за Холанѓанката Caro Emerald, која ја освојува Европа со нејзиниот уникатен музички стил, инспириран од педесеттите.

5. Party Rock Anthem - LMFAO

Електро-хоп дуо: така се опишуваат членовите на американскиот состав LMFAO, a измислија и нова категорија за музиката што ја прават: парти-рок. Тоа воедно беше насловот на нивниот прв албум, кој излезе во 2009 година. Кон средината на јуни се очекува и нивниот нов носач на звук.

6. Die BVB-Hymne 2011 - Krypteria (новитет)

По успешната сезона, што заврши со победа во Бундеслигата, Борусија Дортмунд сега ја освојува и германската сингловска листа. Химната на фудбалскиот клуб дебитира неделава на шестата позиција.


7. I Can - Blue (новитет)

Британскиот состав Blue беше формиран во 2001 година и имаше прилично успешна кариера, пред да се распадне во 2005 година. Момците го искористија овогодишното издание на Евровизија за прмоција на сопствениот камбек - песната I Can во Диселдорф заврши на 11 позиција, но на Германскиот топ десет стигнува до местото број 7 и тоа како новитет.

Deutschland Musik ESC 2011 Eurovision Song Contest Finale Großbritannien Blue

Бендот Blue ја искористи Евровизија за својот камбек

8. Price Tag - Jessie J feat. B.o.B

Денес има два вида на поп-ѕвезди: оние кои преку ноќ стануваа популарни, благодарение на некое кастинг-шоу, или, пак, оние кои напорно работат, се` до постигнувањето на целта. Една од нив е и Jessie J. Таа откри дека во напорите да успее, порано напишала 150 песни за две години, но кога дошло времето за издавање на албум - издавачката компанија банкротирала.

9. Where Them Girls At - David Guetta feat. Flo Rida and Nicki Minaj

David Guetta се спушта на деветтата позиција. Тој во септември треба да го објави петтиот студиски албум, кој се` уште не е именуван. Запрашан што може да се очекува од новата плоча, Guetta истакнува дека и покрај фактот што продуцира денс-музика, инспирација сепак наоѓа и во рок-бендовите како Kings of Leon и Coldplay.

10. S & M - Rihanna

Rihanna беше една од првите славни личности, кои преку Twitter му посакаа брзо опоравување на пејачот Sean Kingston. Пред неколку дена тој доживеа несреќа, додека возеше ски-џет на вода во Флорида. Неговата состојба е критична.

Автор: Media Control GfK

Редактор: Трајче Тосев