1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Неделава се случи нешто невообичаено на германската сингловска листата - првото место истовремено е и второ. Освен тоа, Германскиот топ десет носи и три новитети меѓу врвната десетка.

default

Pietro Lombardi победи на Идол и доби половина милион евра

1. Call My Name - Pietro Lombardi (новитет)

Пред две недели заврши осмата сезона од германскиот Идол, која ќе биде запаметена како една од највозбудливите. Во финалето влегоа осумнаесетгодишните Sarah Engels и Pietro Lombardi, кои не само што беа конкуренти, туку за време на шоуто станаа повеќе од пријатели. И додека во љубовта нема добитници и губитници, во Идол некој мора да победи - а тоа беше Pietro.


2. Call My Name - Sarah Engels (новитет)

Sarah Engels, која ја воодушеви публиката на Идол со извонредниот глас и беспрекорните изведби на едни од најубавите балади, на крајот сепак се пласираше на второто место. Сепак, љубителите на музиката минатата недела ја купуваа и нејзината верзија на Call My Name.

Flash-Galerie Sarah Engels DSDS

Неговата конкурентка и девојка, Sarah Engels, заврши втора

3. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

Насловот на новиот албум на Jennifer Lopez e Love?, а глумицата со успешна музичка кариера не може да се пожали дека нема искуство на темата љубов. По неколкуте врски со дел од најпосакуваните мажи од шоу-бизнисот (како P.Diddy и Ben Affleck), се чини дека Jenny From The Block конечно го најде она што го бараше во нејзиниот трет брак со пејачот Mark Antony. Двојката минатата година доби и близнаци.


4. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Синглот Sweat оригинално беше издаден како хип-хоп трака во деведесеттите години. Иако Snoop Dogg вели дека е отворен за соработка со различни музичари, на својот нов албум, Doggumentary, тој сепак се задржува на она што најмногу му лежи на срце - рап музиката.


5. Where Them Girls At - David Guetta feat. Flo Rida and Nicki Minaj (новитет)

Станува збор за првиот сингл од новиот, петти албум на диџејот David Guetta. Песната, всушност, требаше да биде објавена нешто подоцна, меѓутоа на хакери им успеа да влезат во безжичната мрежа на студиото на Guetta, од каде украдоа недовршена верзија на Where Them Girls At, која потоа ја објавија на интернет. Затоа на издавачката компанија и` се брзаше со издавањето на официјалниот сингл на David Guetta.


6. A Night Like This - Caro Emerald

На 9. јуни ќе се одржи финалето на уште едно кастинг-шоу во Германија, Germany's Next Top Model заедно со Heidi Klum. Последната епизода ќе биде емитувана во живо од Келн, каде пред петнаесет илјади гости ќе биде избран следниот топ-модел, но ќе настапат и големите ѕвезди Lady Gaga, Keri Hilson и се разбира, Caro Emerald.

LMFAO bei den MTV Movie Awards in Universal City Kalifornien USA Flash-Galerie

LMFAO ќе и` дадат поддршка на Kesha за време на турнејата низ Велика Британија


7. Party Rock Anthem - LMFAO

Членовите на LMFAO наскоро ќе и` се придружат на Kеsha на концертите во Велика Британија, во рамки на нејзината светска турнеја, наслоена Get Sleazy. Освен нив, на неколку концерти ќе гостува и Natalia Kills.


8. S & M - Rihanna

Фановите на Rihanna не престануваат да зборуваат за неодамнешното „здружување“ на пејачката со нејзиното поранешно момче, Chris Brown на Twitter. Rihanna постираше неколку изјави, со кои се обиде да ги убеди нејзините обожаватели дека таа и Brown нема никогаш да се смират. „Нема да прозбориме до крајот на животот“, напиша таа. Врската со Chris Brown не и` е во добро сеќавање, откако тој безмалку ја претепа пред две години.


9. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Sunrise Avenue речиси цела година се на турнеја, но финскиот бенд ужива во концертите. Кон крајот на мај почнува и нивната турнеја во Германија. За таа цел, фронтменот на групата веќе си набавил интернет-стик, за да може да ги објавува на Facebook сликите и снимките од настапите. Освен тоа, интернетот е секогаш добра алтернатива во врнежливите денови, нагласува пејачот Samu.


10. Price Tag - Jessie J

Што имаат заедничко Jessie J и британската сензација Adele? Двете учеле во исто средно училиште и згора на тоа се и добри пријателки. Кога и да се сретнеме, го забораваме фактот дека сме славни и стануваме многу „обични“, признава Jessie J.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Горан Чутаноски

Аудио и видео прилози на оваа тема