1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

По неколку седмици, германската сингловска листа конечно донесува два новитета меѓу најпродаваните десет.

default

Британската пејачка Jessie J.

1. On the Floor - Jennifer Lopez и Pitbull

Освен Германскиот топ 10, Jennifer Lopez минатата недела го освои и првото место на листата на youtube.com. Станува збор за првата официјална листа на интернет-платформата, која ги рангира видеата, професионални и аматерски, во зависност од бројот на кликови.


2. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

David Guetta, заедно со Snoop Dogg, уште еднаш докажува дека знае како се прави хит. Наместо нова песна, тие се решија да се послужат со веќе проверена комбинација - песната Sweat првпат беше објавена во деведесеттите години.


3. Price Tag - Jessie J (новитет)

По освојувањето на првите места во Велика Британија, Ирска и Нов Зеланд, Jessica Ellen Cornish, алијас Jessie J доаѓа и во Германија. Таа моментално го промовира својот деби албум, Who You Are, при што игра на картата на сексуалноста. Таа јавно потврди дека наводно е бисексуалка и дека целта на нејзината плоча е да ги мотивира луѓето да бидат поотворени во прифаќањето на различните сексуални ориентации.

Flash-Galerie Jazz Sängerin Caro Emerald

Caro Emerald со преполн календар


4. A Night Like This - Caro Emerald

Холанѓанката Caro Emerald бележи експанзија во Европа, а со тоа се зголемува и нејзината бараност. Пред неколку дена таа настапи на австриското издание на шоуто Dancing With The Stars, а веќе е договорен и нејзиниот настап на финалето од Следниот германски супер-модел, кастинг-шоуто на манекенката Heidi Klum.


5. S & M - Rihanna

Мала искра е потребна, за да настане вистински пожар од шпекулации, кога се познатите во прашање. Rihanna повторно го додаде поранешното момче Chris Brown на листата луѓе, кои ги следи на интернет-платформата Twitter, по што и тој го стори истото. По реакциите на возбудените фанови, таа на својот профил напиша: „Ова е само Twitter, не сме пред олтар!“


6. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Sunrise Avenue речиси цела година се на турнеја, но финскиот бенд ужива во концертите. Кон крајот на мај почнува и нивната турнеја во Германија. За таа цел, фронтменот на групата веќе си набавил интернет-стик, за да може да ги објавува на Facebook сликите и снимките од настапите. Освен тоа, интернетот е секогаш добра алтернатива во врнежливите денови, нагласува пејачот Samu.


7. Party Rock Anthem - LMFAO (новитет)

Електро-хоп дуо: така се опишуваат членовите на американскиот состав LMFAO, a измислија и нова категорија за музиката што ја прават: парти-рок. Тоа воедно беше насловот на нивниот прв албум, кој излезе во 2009 година. Кон средината на следниот месец се очекува и нивниот нов носач на звук.

LMFAO bei den MTV Movie Awards in Universal City Kalifornien USA Flash-Galerie

LMFAO со нивниот парти-рок влегуваат како новитет на германската листа


8. You and Me (In my Pocket) - Milow

Минатата недела Milow се чувствуваше исто како на почетокот од својата кариера, кога како уличен музичар пееше и свиреше гитара. Но, овојпат не се наполни само куферот пред него, туку пари стигнаа и на сметката на проектот „Училишта во Хаити.“ Milow ја искажа својата поддршка за организацијата на тој начин што одржа бесплатен концерт пред Бранденбуршката порта во Берлин. Парите ќе бидат инвестирани во изградбата на нови училишни згради во Хаити.


9. More - Usher

Во духот на насловот на неговиот најнов сингл, Usher неодамна изјави дека сака да се вклучи во повеќе гранки од музичкиот бизнис. Пејачот, кој сега има 32 години, предвидува дека на сцена ќе остане додека не наполни четириесет, а потоа ќе се посвети на други аспекти, како на пример откривањето и поддржувањето на нови таленти. Usher веќе има искуство на тоа поле - младиот Justin Bieber веќе неколку години е под негово менторство.


10. Give Me Everything - Pitbull feat. Ne-Yo, Afromack & Nayer

Armando Christian Pérez e вистинското име на американскиот рапер Pitbull, кој има кубанско потекло. Тоа донекаде му носеше и неволји на почетокот од кариерата, но во меѓувреме може да се каже дека и` припаѓа на музичката елита. Меѓу најдобрите десет во Германија го слушнавме од десеттата позиција со темата Give Me Everything, а до крајот ќе го слушнеме уште еднаш.

Автор: Media Control Gfk/Трајче Тосев

Редактор: Жана Ацеска