1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Германската сингловска листа и неделава не донесува новитети меѓу најпродаваните десет.

default

Usher прави скок и се пласира меѓу десетте најпродавани

1. On the Floor - Jennifer Lopez feat. Pitbull

На првото место во Германија и натаму останува „Најубавата жена на светот“, барем според американскиот магазин People. По огромниот успех што го постигна со синглот On The Floor и неодамнешната промоција на новиот албум Love, Јennifer Lopez повторно и` се посветува на филмската кариера. Првиот проект е веќе договорен - таа ќе го позајми гласот за еден од ликовите во новото, четврто продолжение на анимираниот филм Ice Age.

2. Sweat - Snoop Dogg vs. David Guetta

Snoop Dogg не се појави на кралската венчавка во Лондон, иако тврдеше дека добил покана. Но, затоа не заборавил на подарокот за младоженците, кој наводно во негово име требало да им го предаде David Beckham. Самиот Snoop Dogg имал други планови за тој ден - имено го чекале на скара.

3. S & M - Rihanna

Шпекулациите околу Rihanna не стивнуваат. По наводните афери со Colin Farrel и Usher, сега наголемо се шушка дека таа работи на дует со Beyonce. Со S&M останува на третата позиција во Германија.

4. Hollywood Hills - Sunrise Avenue

Се` што има некаква врска со Холивуд е позлатено, па така и синглот на Sunrise Avenue. Неодамна тој ја достигна бројката од 150 илјади продажби во Германија и си заработи златен статус. Есенва составот од Финска ја стартува и големата турнеја низ Германија, во чии рамки ќе настапат во петнаесет градови.

Band Sunrise Avenue Flash-Galerie

Sunrise Avenue се „позлатија“ - нивниот хит се продаде во повеќе од 150 илјади примероци

5. A Night Like This - Caro Emerald

Во Холандија, од каде и доаѓа, Caro Emerald веќе го освои второто место на топ листата, додека нејзиниот деби-албум веќе крши рекорди - цели триесет недели се наоѓа на врвот на албумската листа.

6. You and Me (In my Pocket) - Milow

Додека светот се` уште е под импресии од кралската венчавка во Лондон, дури и Milow вели дека не би имал против еден ден да стане крал на Белгија. Тој е единствената фигура, која стои над раскараните Фламанци и Валонци. Сепак, има еден проблем, смета Milow. Имено, никаде на светот немало крал на негови години. „Секаде во светот кралевите се постари“, вели пејачот.

7. Grenade - Bruno Mars

Bruno Mars започнал со пишување музика на 18-годишна возраст, кога неговата тогашна издавачка куќа му го прекинала договорот. Дотогаш пеел песни, напишани од други, но тие никогаш не ја виделе светлината на денот. Доказ за неговиот извонреден талент е и тоа што хитот F**k You на Cee Lo Green тој и неговите соработници го создале за само два часа.

8. Born This Way - Lady Gaga

Lady Gaga ги пофали ѕвездите од американската хит-серија Glee за епизодата во која тие ја пееја нејзината музика. Тинејџерските ѕвезди, меѓу другото, ја пееја и химната Born This Way. Иако критичарите ја оценија епизодата како „претерано хомосексуална“, Lady Gaga целосно застана зад пораката што серијата сака да ја пренесе - дека сите се еднакви.

Lady Gaga Portland

Lady Gaga не попушта во борбата против дискриминацијата

9. E.T. - Katy Perry

Веста за смртта на Осама Бин Ладен не ги остави рамнодушни ниту претставниците од музичкиот бизнис. Преку своите Twitter профили, секој на свој начин ја коментираше информацијата. Katy Perry, на пример, напиша дека на такви денови се гордее што е Американка; Ricky Martin го цитираше американскиот претседател, кој рече дека САД не се во војна со исламот; додека Michelle Branch укажа на фактот дека и Хитлер бил пронајден мртов на 1. мај.

10. More - Usher

Usher Terrence Raymond e целосното име на популарниот музичар, чија кариера забележа подем во деведесеттите години, со издавањето на албумот My Way. Синглот More се појави на делукс-изданието на неговиот најнов албум Raymond V. Raymond и веќе се продаде во повеќе од еден милион примероци.

Автор: Media Control GfK/Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови