1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет

Еден рапер, двајца пејачи од Хаваи и Lady Gaga се само некои од изведувачите кои неделава освоија пласман меѓу десетте најпродавани синглови во Германија. Откријте ги останатите!

default

Нов сингл на Lady Gaga на германскиот топ десет

1. Grenade - Bruno Mars

Вториот сингл на Bruno Mars повторно забележува најголем профит во Германија и останува на првата позиција. Пејачот од Хаваи во меѓувреме се подготвува за турнејата низ Велика Британија и откри дека кога работи на нов метеријал, знае да остане со денови сам во студио. „Се надевам дека луѓето забележуваат дека напорно работев и дека успехот не дојде преку ноќ“, истакнува тој во интервју за „Дејли мирор“.

2. Born This Way - Lady Gaga

Новиот сингл на Lady Gaga влегува како новитет директно на втората позиција во Германија. По се` погласните забелешки дека Born This Way многу потсетува на хитот Express Yourself на Madonna, Lady Gaga откри дека на кралицата на поп-музиката многу и` се допаѓа нејзината нова песна и додаде дека таа отсекогаш била нејзин идол.

Flash-Galerie Hurts

Нова надеж за британскиот електро-поп: Hurts

3. Stay - Hurts

Впечатливи по нивниот екстравагантен изглед, честопати сериозен поглед и мелодраматичен електро-поп, Hurts во Велика Британија за кратко време станаа голема надеж за развојот на тој жанр.

4. Rolling in the Deep - Adele

Иако бележи пад за две места во однос на минатата недела и се пласираше на четвртата позиција, сепак, во нејзината татковина Велика Британија постави нов рекорд. Со два сингла и со два албума е меѓу првите топ 5 на британската топ листа.

5. Coming Home - Diddy-Dirty Money

Diddy, еден од најуспешните американски рапери, досега има заработи милиони. Со новиот проект Diddy-Dirty Money, вели дека сака да освојува нови простори во светот на музиката.

Die Saengerin Natalia Kills beim Photocall bei Radio Hamburg, Hamburg, 21.01...

Natalia Kills

6. We Are the People - Empire of the Sun

7. Higher - Taio Cruz feat. Kylie Minogue

8. Hey (Nah Neh Nah) - Milk & Sugar vs. Vayo Con Dios

9. Over the Rainbow - Israel "Iz" Kamakawiwo'ole

Hа деветата позиција нема промена и неделава тука се пласираше хитот, кој со недели беше на врвот на топ листата во Германија.

10. Mirrors - Natalia Kills

Екстремно амбициозна и голем перфекционист - вака се опишува себеси 24-годишната Британка. Нејзин ментор е Will.I.Am од Black Eyed Peas, кој пред три години ja зема под договор во својата издавачка куќа.

Извор: Media Control GfK

Обработка: Александра Трајковска

Редактор: Трајче Тосев

WWW-линкови

Поврзана содржина