1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германски топ десет - доминација на инстант-ѕзвездите

Распоредот на најпродаваните десет во Германија неделава изгледа вака:

default

Германската поп-сензација Queensberry

1. Daniel Schuhmacher - Anything But Love

На шампионската позиција и понатаму без промени - момчето кое пред да се пријави на шоуто за таленти „Германија бара суперѕвезда“ се образувало за продавач и немало апсолутно никаков контакт со музиката. Вели дека најголем идол му е американската ѕвезда Кели Кларксон, која славата ја постигна на сличен начин како тој. Синглот Anything but love ја брои веќе третата недела на врвот во Германија.

Black Eyed Peas

Цели десет недели на врвот во САД - Black Eyed Peas

2. Lady Gaga - Poker Face

3. Black Eyed Peas - Boom Boom Pow

Во САД цели десет недели беше на врвот на Билбордовата листа на најпродавани сто и стана првиот сингл на бендот што успеа да стигне до шампионската позиција во Америка. Boom Boom Pow во Германија неделава стигна до местото број три, во искачување за две позиции.

4. Milow - Ayo Technology

5. Queensberry - Too Young

Бендот Queensberry е составен од победничките на седмата сезона од шоуто за таленти Popstars, што се емитува на Про Зибен, а првиот албум, Volume 1, го издадоа минатиот декември. Синглот Too Young неделава и понатаму останува на петтото место.

6. Mark Medlock - Mamacita

7. Alexander Rybak - Fairytale

8. Cassandra Steen ft. Adel Tawil - Stadt (новитет)

Die Popgruppe A-ha.jpg

Шведскиот состав A-HA неделава влегува меѓу најдобрите десет

Темата е преземена од вториот студиски албум на германската R&B соул ѕвезда Касандра Стин, насловен Darum leben wir, а Адел Тавил е попознат и како дел од дуото Ich + Ich. Синглот Stadt, како новитет, од местото број осум.

9. A-HA - Foot Of The Mountain

10. Emiliana Torrini - Jungle Drum

Иако името и` звучи италијански, Емилијана Торини доаѓа од Исланд, а со синглот Jungle Drum го освои првото место на листите во Исланд и Белгија.

Од останатите новитети ги издвојуваме:

13. Ashley Tisdale - It's alright, it's OK

Cover von Britney Spears` Album Circus

Circus - новиот албум на Бритни Спирс

Ѕвездата од филмот „Хајскул Мјузикл“, Ешли Тисдејл, во 2007 година го издаде деби-албумот Headstrong. Од него, како новитет на германската топ листа, влегува синглот It's alright, it's OK .

36. Britney Spears - If You Seek Amy

If You Seek Amy е дел од повратничкиот албум Circus, на Бритни Спирс, пејачката која има продадено повеќе од осумдесет милиони албуми ширум светот и со тоа се вбројува меѓу едно од најпродаваните пејачки имиња. Во моментов во тек е нејзината седма светска турнеја, на која го промовира новиот албум.