1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германски суфицит и француски дефицит

Германската канцеларка, Ангела Меркел и францускиот претседател, Никола Саркози, денеска во Тулуз разговараат за економските односи меѓу двете земји, пред се за судбината на европскиот авио концерн ЕАДС.

default

Меркел и Саркози на неодамнешниот самит на Г8

Француската економија профитира многу од добрата германска конјуктура, зашто големата побарувачка минатата година придонесе за зголемување на францускиот извоз во Германија за цели 18%. Францускиот извоз, преведено во пари, минатата година се зголемил за 10 милијарди евра и сега изнесува 63,5 милијарди. Зголемување има и кај германскиот извоз за Франција, кој минатата година бил поголем за 9%, односно сега изнесува 86 милијарди евра.

Франција е за Германија далеку најголем лиферант во споредба со другите земји. Истото важи и за германското стопанство во Франција. Но, кога ќе се сведе трговски билатерален биланс, Германија има суфицит од 23 милијарди евра. Истото важи и за надворешната трговија на двете земји. Додека Германија со останатите земји бележи суфицит во трговијата, францускиот трговски биланс покажува јасен дефицит. Затоа, францускиот претседател, Никола Саркози, зголемувањето на вредноста на еврото ја гледа како опасност и во трговијата со земјите надвор од евро зоната преку намалување на врендоста на заедничката валута сака да постигне конкурентност на цените. Владите треба да имаат поголемо влијание врз решенијата на Европската централна банка смета Саркози. Германската канцеларка, Ангела Меркел, е против:

“Тоа со мене не може да се прави, не може ниту со целата германска влада. Германија добро се снаоѓа со независноста на Бундесбанката или сега со независноста на Европската централна банка од политиката. Се разбира, и ние тежнееме да речеме дека би сакале да биде вака и вака, но и покрај тоа важно е да го заштитиме населението од инфлација, односно од зголемување на цените. Затоа за мене независноста на Европската централна банка е апсолутно важна. “

Modell Airbus A380 Bilanz EADS

Модел на Ербас

Сектори кои доминираат во германско-француската трговска размена се машинството, електрониката, автомобилската и хемиската индустрија. Сепак, на врвот е со години растечката авионска индустрија со германско-француското претпријатие Ербас и Еурокоптер, како и палетата лиферанти во двете земји во оваа бранша. Германија минатата година извезла авиони и авионски делови во Франција во вредност од 11 милијарди евра, а во ист толкав износ се увезени авиони и делови од Франција во Германија.

Што се однесува до странските директни инвестиции, Германија е исто така во предност. Германските фирми во Франција инвестирале 40 милијарди евра, додека француските претпријатија за инвестиции во Германија имаат дадено 35,5 милијарди евра.