1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германски спортист се допингувал на ЗОИ

Германската олимписка асоцијација соопшти дека еден германски спортист на Олимписките игри во Сочи паднал на допинг тест. Се работи за бијатлонката Еви Захенбахер-Штеле

Еви Захенбахер- Штеле (на фотографијата) е името на германската спортистка кај која беа откриени недозволени вредности при допинг контролата на Олимписките игри во Сочи. Ова е прв случај на откриен допинг во досегашниот тек на Олимпијадата.

Бијатлонката Захенбахер-Штеле е ветеран. 33-годишната спортистка имаше проблем со допингот и на Олимпијадата во Торино во 2006. година, откако и беше откриено зголемено ниво на хемоглобин во крвта.

За денеска е најавено дека ќе се испитува и вториот примерок од крвта на Захенбахер-Штеле, а во истовреме ќе биде организирано и сослушување од страна на дисциплинскиот комитет.

Шефот на германскиот олимписки тим Михаел Веспер одбива да го коментира случајот, до конечната разврска. Пред почетокот на Игрите, на новинарско прашање, Веспер рече дека главна цел на германскиот олимписки тим е „да остане чист“.

„Во постојан контакт сме со националната Анти-допинг агенција. Номиниравме спортисти за кои сме сигурни дека се контролирани, а дополнително ќе спроведеме и нови тестови“, порача тогаш Веспер.

Минатата недела беше соопштено дека во годината пред почетокот на Игрите меѓу 153 германски спортисти биле спроведени 682 допинг контроли. Германија досега освои вкупно 16 медали на ЗОИ, од кои 8 златни.

Во Ванкувер пред четири години имаше само еден позитивен допинг тест, на полската крос-кантри скијачка Корнелија Марек.

Досега на Олимписките игри само еден германски спортист паднал на допинг-тест, хокејарот Алојз Шлодер во Сапоро 1972. година.