1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски специјалци повторно на Косово

НАТО повторно побара акција на германско-австриските единици за брзи интервенции на Косово. Според информации на „Шпигел“, на почетокот на октомври, во насока на Балканот повторно тргнуваат 700 војници.

„Берлин одговори позитивно на барањето на НАТО затоа што, како што е наведено, ’сака да ја продолжи успешната операција и да придонесе за натамошна стабилизација и подобрување на безбедносната ситуација на северот на Косово’. Без оглед на присуството на 5.800 меѓународни војници  и италијански трупи за брзи интервенции, НАТО проценува дека ситуацијата, пред се‘ во пограничното подрачје на Србија и Косово, и натаму е напрегната. Генералот во германската армија Рајнер Глац во извештајот до пратениците во германскиот парламент, покрај останатото, наведува дека ’по изборите во Србија на кои победија националистички сили, постои значителен потенцијал за повторно влошување на ситуацијата’“, наведува „Шигел онлајн“ и продолжува:

„Молбата од Брисел уште еднаш илустрира дека во скора иднина не може да се смета со брзо повлекување на меѓународните трупи од Балканот. Основна задача на војниците на КФОР, со кои традиционално командува германски генерал, од почетокот на операцијата во 1999 година, е спречување на избивањето нови конфликти меѓу Косово и Србија. Во последните неколку месеци под знак прашалник е доведено планираното намалување на меѓународните трупи, затоа што ситуацијата на Косово повеќе се заостри отколку што се смири. Германскиот министер за одбрана Томас де Мезие во февруари оцени дека состојбата на Косово е тешка поради што во моментов не може да се размислува за намалување на трупите“, пишува „Шпигел“ во интернет изданието.