1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германски реакции за Хрватска

Реакциите во Германија на одлуката на европската комисија да започне преговори за членство на Хрватска во Унијата едногласно позитивни

И позицијата и опозицијата со став дека Загреб заслужува таков третман откако во последниве години направи големи чекори напред на политички и економски план. Во емисијава ги пренесуваме оценките на надворешно-политичкиот претставник на фракцијата на СПД во германскиот Бундестаг Герт Вајскирхен и на сојузниот пратеник на ЦДУ и истовремено претседател на европскиот одбор во парламентот Матијас Висман.

Социјалдемократскиот пратеник Висман одлуката ја оцени многу позитивно, зашто верува дека Хрватска припаѓа во Европската Унија:

“Хрватска секогаш имаше историско-европска насока, а политички и економски одлично се развива и затоа е природен кандидат за Унијата. Веројатно на подолг рок и една од последните што ќе биде примена, зашто перспективите на преостанатите земји од Западен Балкан не се толку поволни како за Хрватска". Висман смета дека преговорите со Загреб не мораат да траат долго, зашто Хрватска направи големи напори за нејзината економија која е дури и во подобра состојба од некои земји кои се веќе членки. Значи, ако обете страни преговараат без сопки, тогаш таа бргу може да стане членка, вели во првата реакција Матијас Висман од СПД.

Сличен е ставот на Герт Вајскирхен од опозиционата демохристијанска партија. "Конечно, вели, комисијата на Европската унија го донесе исправното решение за Хрватска, зашто таа со години позитивно се развива:

“Хрватска во последниве години направи голема кариера кон Унијата без многу врева и убеден сум дека ќе се приклучи заедно со Бугарија и Романија. Убеден сум дека овие три земји на крајот на оваа деценија, а можеби и порано, ќе бидат членки на Унијата. Вајскирхен со порака и до другите змеји од Западен Балкан:

“Сега отако Словенија од 1 мај ќе биде членка, следната силна котва на стабилноста во регионот е Хрватска која е на најдобар пат да стане членка на ЕУ. Тоа претставува јасен и силен сигнал на Унијата кон поранешна Југославија, дека секоја од нив има шанса да стане членка на Унијата. Но, тоа е поврзано и со потребата, секоја од нив да го даде својот внатрешен прилог за стабилноста, вели Вајскирхен.