1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски помагачи на американските тајни служби

Медиумските информации дека германски институции и фирми им помагале на САД во антитерористички акции, спротивни на меѓународното право, предизвикаа возбуда во Германија.

Најновите откритија на „Зиддојче цајтунг“ и „Норддојче рундфунк“ (НДР) предизвикуваат бранови. Според информациите на двата медиума, агенти на ЦИА, на НСА, на Сикрет сервис и на американското Министерство за заштита на татковината, можеле да „си ја вршат работата“ непречено, пред се‘ во воените американски објекти на германска територија. Во Германија се‘ уште се стационирани 43.000 американски војници.

Весникот „Зиддојче цајтунг“ пишува дека наредби за смртоносните напади со беспилотни летала во Сомалија се давани од американската база Рамштајн (на насловната фотографија) и од Штутгарт. „Во базата во Штутгарт има германски офицери за врска. Одлуката за акцијата ’Африком’ на германско тло е донесена заедно со германската влада“, вели телевизискиот уредник Џон Гец. Тој е еден од групата од околу дваесет новинари кои во соработка со НДР и весникот истражуваа две години за тоа каква активна поддршка во Германија добиваат американските служби и армија.

Тимот новинари своите сознанија деновиве ги објавува дел по дел, во серија под наслов „Тајната војна“. Според серијата, соработници на американските тајни служби контролираат контејнери во германските пристаништа, а можат дури и да одлучат кој товар смее да биде натоварен, а кој не. Германската влада издала над 200 специјални дозволи за американски фирми, за тие претпријатија да можат по налог на американската влада да спроведуваат задачи во Германија. Според сознанијата на новинарите, бил развиен и употребуван и софтвер со кој со помош на сателитски снимки може да се направат профили на движење на лица ширум светот.

Deutschland Medien Buch Geheimer Krieg John Goetz und Christian Fuchs

Новинарот Џон Гец и неговиот колега Кристијан Фукс со заедничката книга „Тајна војна“

На Франкфуртскиот аеродром германската сојузна полиција им помагала на американски агенти кои спречувале патник од Естонија да се качи во авион за на одмор, иако притоа се немало официјален, меѓународен налог, се тврди во информациите на новинарите кои се занимаваа со темата.

Тоа се само дел од примерите со кои се документира тесната испреплетеност на безбедносните служби на двете држави. Оттука, се‘ поневеројатно се чини тврдењето дека германската влада не знаела ништо за акциите на прислушување на Американците на германска територија.

Германската влада не била без информации

Многу од американските акции се наоѓаат во законска сива зона. Американски службеници официјално не смеат во Германија да спроведуваат задачи од јавните дејности и задачи кои задираат во сувереноста на државата. Германските политичари пак постојано укажуваат на т.н. „Статут на трупите на НАТО“. Со него германската држава е обврзана да ги заштитува припадниците на армијата на САД, кои се сојузник, и да им овозможи слобода на дејствување. Историчарот Јозеф Фошепот пред повеќе од една година констатираше дека се‘ уште важат дури и голем број тајни договори од 1950-тите што биле склучени меѓу САД и Германија. По нападите од 11 септември 2001 година кон тоа се додадени нови тајни договори.

„Она што ме преплаши е како германската влада голем број од ваквите договори ги склучува со САД комплетно заобиколувајќи го парламентот“, вели новинарот Џон Гец. Тој за време на своите истражувања дури наишол на германска молба до Американците да ги држат во тајност американските маневарски централи во Германија. „Тоа би предизвикало само непотребни јавни дискусии во земјата“, се вели во една депеша која американскиот војник Бредли Менинг и‘ ја проследи на платформата Викиликс. Во официјалната реакција на германската влада, еден портпарол едноставно само рече дека ќе се проверат информациите на медиумите и потоа ќе се реагира.

Доказите не се од Сноуден

Американската амбасада во Берлин е лута. Таа не ги коментира информациите, но во пишана изјава се жали на „страшни“ тврдења и „инсинуации“. Новинарот Џон Гец е јасен: „Ова се класични истражувања од ’стара школа’“. Се‘ е повеќепати докажано. Едноставно истражувани се американски банки на податоци до кои пристапот е јавен, се одело на лице место и се воделе разговори со поранешни припадници на тајните служби. „Изненадувачки е колку кооперативно и пријателски даваа информации“, раскажува Гец. Фредерик Обермајер од „Зиддојче цајтунг“ нагласува дека немали сериозни закани или попречување на работата на новинарите.

Sarah Harrison Edward Snowden Hans-Christian Ströbele Moskau 31.10.2013

Едвард Сноуден на неодамнешната средба со германскиот пратеник Ханс-Кристијан Штребеле

Проектот бил инициран кога се сфатило дека на картите на Гугл кои се добиваат преку Google Maps, многу места во Германија биле направени непрепознатливи. Или пак на картите се наоѓала шума, а на тие места дефинитивно нема шума. Исражувањата потоа покажале дека таму се наоѓаат безбедносни и воени објекти на САД. „Тоа ни ја разбуди љубопитноста“, вели Гец. Откритијата на „НДР“ и на „Зиддојче цајтунг“, значи, не се засноваат на сознанија на поранешниот соработник на американските тајни служби Едвард Сноуден, туку на сопствени обемни истражувања.

ARCHIV - Verfassungsrechtler Paul Kirchhof, aufgenommen am 08.10.2012 in Bonn (Nordrhein-Westfalen). Der Steuerexperte und ehemalige Verfassungsrichter Kirchhof wird neuer Präsident der Heidelberger Akademie der Wissenschaften. Foto: Rolf Vennenbernd/dpa (zu dpa Paul Kirchhof neuer Präsident der Akademie der Wissenschaften vom 27.03.2013) +++(c) dpa - Bildfunk+++

Паул Кирхоф

Многу германски правни експерти се загрижени од сознанијата на тимот новинари дека на Американците во Германија им било дури и овозможено да подготвуваат киднапирања и измачувања. Паул Кирхоф, поранешен судија во Уставниот суд, вели: „Уставот признава исклучоци во борбата против тероризмот, но сето тоа во рамки на една правна држава“. Тој за Дојче веле оценува: „Се чини дека е направена голема неправда“.

Безбедносниот експерт и познавач на сферата на тероризмот и одбраната од него, Ролф Топхофен, пак нагласува: „За оние што се во бизнисот, ова не е изненадување.“ Тој остава малку простор за надеж: „Американските претстави за право и законитост едноставно не се компатибилни со германските ставови.“

Поврзана содржина