1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германски политичар обвинет за педофилија

Јавниот обинител води истрага против политичарот од редовите на СПД Себастијан Едати. Тој се изјасни дека е невин. Минатиов викенд тој се повлече од политичката работа во Бундестагот.

Веста силно ја погоди пратеничката група на СПД во Бундестагот. Против нејзиниот експерт за внатрешна политика се води полициска истрага. Според непотврдени медиумски извештаи, тој се обвинува за поврзаност со детска порнографија. Шефицата на пратеничката група Кристине Ламбрехт е шокирана.

„Посочените причини, односно сомневањето за поседување детска порнографија, се сериозни. Признавам дека сум разочарана“, изјави таа пред новинарите.

Sebastian Edathy Büroräume

Канцеларијата на Едати во Нинбург, во Долна Саксонија, била претресена

Во меѓувреме, Едати се огласи преку својата Фејсбук страница и ги отфрли обвинувањата. Тој напиша оти не е точно дека поседувал публикации со детска порнографија.

Јавното обвинителство во Хановер потврди дека се води истрага против политичарот од СПД. Дополнителни информации не се даваат. Вчера (10.02.) е направен претрес во домот и канцелариските простории на Едати во Долна Саксонија. Еден локален весник информирајќи за претресот дури објави и фотографии од домот. Поради присуството на медиумот за време на претресот на домот политичарот веќе поднесе кривична пријава.

Повлекување поради здравствени причини?

Изненадувачки, пратеникот од редовите на СПД овој викенд даде оставка на функцијата.

„Поради здравствени причини се одлучив за тоа да се повлечам од мандатот во Бундестагот“, информираше Едати. За одлуката го информирал претседателот на Бундестагот Норберт Ламерт уште во петокот. Едати беше пратеник во Бундестагот од 1998 година.

Sebastian Edathy SPD Wahlkampagne

Едати фотографиран за време на изборната кампања во 2013-та година

Тој веќе подолго време не се појавувал во Бундестагот, а од петокот никој не можел да го добие на телефон. Медиумите оценуваат дека поднел оставка кога дознал дека е осомничен, за да ја олесни истрагата, затоа што како член на Бундестагот најпрво би морал да помине процедура за укинување на имунитетот.

Ова не е прв ваков случај со кој се соочува партијата СПД. Во 2009-та година беше најдена детска порнографија кај Јерг Таус, тогашен претседател на поткомисија за нови медиуми во СПД. Тој тогаш тврдеше дека материјалот го набавил поради неговата политичка работа во борбата против детската порнографија. Сепак, во 2010-та година тој беше осуден на една година и три месеци затвор поради поседување и ширење на материјали со детска порнографија. Тој се повлече од СПД и замина во Партијата на пиратите.