1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Германски новинар веројатно киднапиран во Авганистан

*

Во Авганистан најверојатно е киднапиран уште еден Германец . Станува збор за новинар кој бил грабнат заедно со својот преведувач во селото Зангар – изјави гувернерот на авганистанската провинција Кунар за германските медиуми. Амбасадата на Германија во Кабул истотака добила информации за можното киднапирање на новинарот – соопшти портпарол на министерството за надворешни работи во Берлин.Во меѓувреме уредникот на политичкиот магазин Штерн изрази загриженост за еден од репортерите на весникот кои се наоѓаат во Авганистан . Ова се случува додека германската влада преговара за ослободување на германскиот градежен инжинер кој минатата недела беше киднапиран заедно со уште еден негов колега , кој подоцна беше пронајден мртов во Авганистан.