1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски новинари нападнати во Кина

По бруталниот напад врз германска телевизиска екипа во Кина во Министерството за надворешни работи во Берлин е повикан претставник на владата во Пекинг во Германија. Случајот го разгледува полицијата.

„Јасно беше ставено до знаење, дека овој напад во никој случај не е прифатлив“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи во Берлин. Народна Република Кина мора „да стори се’, за да не се повторат вакви инциденти“.

Ова јасно му било кажано на дипломатот. Пратеникот го застапуваше амбасадорот на Народна Република Кина, кој во моментов е надвор од Германија. Се очекува „инцидентот да биде расветлен и да биде сторено се’, вакви инциденти да не се повторат“, се вели во соопшнението на министерството.

China droht ausländischen Journalisten - Christine Adelhardt

Кристина Аделхарт

Телевизиската екипа во четвртокот во северно-кинеската провинција Хебеи била нападната од тепачи. Како што информира дописничката на првата програма на германската телевизија (АРД) Критисна Аделхарт, напаѓачите со дрвени палки удирале по автомобилот.

Таа и нејзините колеги, вели, при „нападот“, „вистински стравуваме за нашите животи“. Освен Аделхарт во автомобилот биле уште двајца германски новинари на АРД и двајца кинески колеги. Тие во едно село снимале за извештај за темата урбанизација.

Аделхарт изјави дека во меѓувреме полицијата води истрага. Еден полицаец и‘ рекол дека селаните се чувствувале навредени поради снимањето.

АРД морало прво да добие дозвола за снимање. Според податоците на Здружението на странски новинари во Пекинг, снимањето на јавен простор е дозволено и без дозвола.

По нападот, вели Аделхард, тие успеале да заминат и да побараат помош од полицијата. Потоа тие биле држани во полициска станица 16 часови.

Германската амбасада во Пекинг на германските новинари им пружила конзуларна помош, германскиот амбасадор протестираше против нападот, информира Министерството за надворешни работи на Германија. Министерството нагласи и дека ограничувањето на работата на странските медиуми „редовно е важна тема“ на разговорите на министерот Гидо Вестервеле со неговите кинески партнери.