1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германски инвестиции во Србија

Шест години по демократските промени, Германија за Србија е најважниот партнер и во економската соработка. Тоа го потврди и деновиве потпишаниот протокол меѓу Белград и Берлин за економска соработка во обем од 38 милиони евра.

Германската дрогерија ДМ отвори филијала во Белград

Германската дрогерија ДМ отвори филијала во Белград

Од почетокот на развојно-политичката соработка со Србија во 2000-та година, постинати се впечатливи успеси. Модернизирани се структурите во енергетскиот сектор, мобилизирани се локалните фирми со помошта за малите и средни фирми, а законските реформи значително ги подобрија рамките за странски инвестиции. Германската влада меѓу 2000-та и 2005-тата за унапредување на билатералната соработка со Србија стави на располагање 360 милиони евра. Овие средства се од буџетот на министерството за економска соработка, но и од вонредните средства за Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, основан по војната на Косово. Меѓутоа, расте и интересот за директни странски инвестиции. Така, на пример, застапени се фармацевтскиот концерн СТРАДА или Нордцукер, водечкиот производител на шекер во Европа.

Во овој месец во рамките на владините преговори, ветени се нови 38 милиони евра како економска помош. На тој начин се сака во Србија да се привлечат нови инвеститори. Карин Кортман, парламентарна државна секретарка вели дека за тоа се важни политичката стабилност и модерна инфраструктура:

„Од тие причини посебно инвестираме во енергетскиот и водниот сектор. Трета поента е добрата клима за инвестирање. Затоа сакаме да ги унапредиме и реформите во професионалното образување, даночните реформи, потоа даваме совети за катастарскиот систем или пак реформи на земјишето со кои ќе се расчистат односите на имотот и сопственоста. Подготвуваме рамки за да можат германските инвеститори на констатираат дека во такви услови се подготвени да вложуваат повеќе„.

Посебно се посветува внимание на енергетскиот сектор. Заменикот министер за рударство и енергетика во српската влада Александар Влајчиќ вели дека инвестициите рамномерно се концентрирани врз снабдувањето, ефикасноста и екологијата:

„Германската влада со оглед на искуствата во енергетиката и посебно во добивањето струја, ги согледа главните потреби и помага како технички, така и финансиски за да стигнеме до нивото на кое сме денес. Притоа се воспоставија и добри врски со германските фирми кои учествуваат во тие проекти„.

Инаку, интерес за директни инвестиции во Србија веќе покажаа големите германски енергетски фирми како РВЕ и Е.ОН.