1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Учење германски

Германски- зошто не?

Андреас сака да стане новинар. Тој мора да си го финансира студирањето со работата како портир во “Hotel Europa”. Бидете поканети во луксузниот хотел во Ахен и учете германски со Андреас, со постојаниот гостин Др. Тирман, собарката Хана Класен и со таинственото суштество со чудно име Екс.

Уште еден предлог: ако веќе имате основни познавања на германскиот јазик можете да започнете директно со серијата 3 и 4 на Deutsch Warum nicht? Германски- зошто не? На почетокот на серијата се повторуваат настаните, личностите и граматиката од првите две серии.