1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германски заем за македонски развој

Денеска (14.10.2009) е отворена вратата на уште една голема и значајна германска финансиска помош за Македонија-речиси сто милиони евра, за енергетски проекти и за модернизација на водоводните системи на повеќе општини.

default

Германската амбасадорка во Скопје, Улрике Кноц

Две третини од вкупниот заем се предвидени за енергетската сфера. Ќе бидат искористени за ревитализација на хидроцентрали и изградба на ветерни паркови.

Mazedonien Land und Leute Finanzminister Zoran Stavreski

Зоран Ставрески

Германија и натаму останува еден од главните политички и економски партнери на Македонија, рече министерот за финансии Зоран Ставрески и се заблагодари на подршката која ќе продолжи и во наредните години. „Реализацијата на заемот ќе се одвива неколку години, во зависност од подготвеноста на проектите од кои некои се во напредна фаза како што се проектите за ревитализација на хидроелектраните во износ од 27 милиони евра и за ветерни паркови“, изјави Ставревски.

Потврда за добрата соработка

Deutsche Botschaft in Skopje

Германската амбасада во Скопје

За германската амбасадорка во Македонија Улрике Кноц потпишаните договори се исто така потврда за германско-македонската соработка и поддршката што Германија и‘ ја дава на Македонија на патото кон евроатлантските интеграции. „Се надеваме дека проектите кои се дел од Протоколот ќе помогнат за подобрување на животот и животните услови во Република Македонија“, изјави германската амбасадорка. Таа смета дека позитивната оценка во извештајот на ЕК ќе значи дополнителна мотивација за земјата. Рокот за враќање на овој заем изнесува 30 години со вклучени 10 години грејс период и два отсто годишна камата.

Германија е најголем донатор

Германија е најзначаен финансиски донатор на Македонија од осамостојувањето на земјата. Како неповратна финансиска помош или поволни кредити во земјата се слеале повеќе од 200 милиони евра. Најразработена е соработката во следниве области: водоснабдување, одведување и третирање на отпадните води, одржлив економски развој и енергетска ефикасност и обновлива енергија, обезбедување одржливо снабдување со вода за пиење.

Автор: Горан Петрески

Редактор: Жана Ацеска