1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германски железници успешно го шират бизнисот

Германските железници ја презедоа американската фирма за воздушна и поморска шпедиција „Бакс Глобал„.

default

Со тоа германскиот концерн се вбројува во петте најголеми светски понудувачи за логистика. „Бакс Глобал„ работи главно во САД и во реонот на Пацификот. За преземањето германски железници платија милијарда евра. Шефот на фирмата Харт Мут Медорн, купувањето го образложи со фактот дека големите клиенти бараат транспортни решенија низ светот од едно место. Со оваа зделка ќе бидат обезбедени и работните места во Германија.