1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германски дилеми: како да се заштити домашниот пазар од ефтина работна сила од странство?

Нова дебата во Германија: владата сака на почетокот на мај да поднесе сеопфатен концепт против дампинг-надомести за работен час, за да се заштити домашниот пазар на трудот од ефтина работна сила од источна Европа.

Германскиот министер за стопанство Волфганг Клемент

Германскиот министер за стопанство Волфганг Клемент

Начелна согласност сигнализира и опозицијата, но работодавците и економските истражувачи предупредуваат од воведување законски минимални надомести за работен час.

Работниците од источна Европа работат во Германија за две, три или пет евра на час, но наскоро треба да му дојде крајот на тоа: „Ние имаме злоупотреба на слободата за услужните дејности во Европа и мораме - и решени сме да ја потиснеме таа злоупотреба“ – вели сојузниот министер за стопанство Волфганг Клемент. За таа цел тој сака законот, кој веќе важи за градежништвото, да биде проширен и врз други бранши кои се посебно загрозени, како гастрономијата, земјоделството или кај кланиците. „Тоа значи дека тарифните договори ќе бидат прогласени за општо обврзувачки и со тоа надоместот за час работа ќе биде задолжителен и за странските претпријатија во Германија“ – ја објаснува Клемент владината идеја. Согласност за проширување на важењето на законот мора, покрај Бундстагот, да даде и Бундесратот во кој мнозинство има опозицијата. Затоа од важни се сигналите за согласност испратени од опозицијата: „На една страна секако станува збор за прашањето дали има и во други области, освен во градежништвото, потреба од проширување на важењето на Законот. Тоа може да се провери и тука очекуваме предлози од владата. Но, единствени сме во констатцијата дека не сакаме политички утврдени минимални надомести за работен час“ – вели водачот на демохристијанската опозиција Ангела Меркел.

Против воведување минимален надомест се изјаснија и работодавците, кои сметаат дека тоа би водело во пораст на невработеноста и зголемување на работата „на црно“, со што се согласува и Волфганг Франц, еден од таканаречените „петмина мудреци“ – економски експерти кои ја советуваат владата.