1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Германски војници во Ирак - но како цивилен кризен тим во германската амбасада

Германски војници сепак се испратени во Ирак - звучи бомбастично, со оглед на досега непопустливиот став на канцеларот Герхард Шредер во однос на евентуален германски воен ангажман во таа земја. Всушност, владата доследно опстојува на таквата своја одпределба, а за што конкретно станува збор објасни министерот за одбрана Петер Штрук изутрината во настапот на Втората германска телевизија - ЗДФ: "Можам да кажам дека во германската амбасада во Багдад испративме тројца војници во цивилна облека во рамките на еден таканаречен кризен тим за подршка. Тоа е нормална постапка, ние за тоа ги информиравме и фракциите во Бундестагот. Војниците со своите способности треба да помогнат доколку дојде до неопходност за евакуирање на германски државјани од Багдад. Тие, значи, имаат логистички, а не чисто војнички задачи. Таму ќе останат се' додека е неопходно. Се надевам дека состојбата во Багдад ќе се стабилизира, така што ние наскоро ќе можеме да ги вратиме војниците назад", рече министерот за одбрана. Штрук во утринскиот телевизиски настап додаде дека не е планирано исраќање натамошни војници. "Ние понудивме да обучуваме ирачки војници за новата армија на таа земја и ирачки полицајци, но и ништо повеќе од тоа", беше категоричен министерот. Тој се осврна и на ситуацијата во Авганистан, велејќи дека и таму состојбата не е мирна и стабилна, но сепак извлече севкупно позитивен биланс.