1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски војник застрелан од другарите?

Во авганистанската провинцја Кундус е повреден германски војник со истрел во грбот. Во тек е истрага - кој го испукал куршумот?

Инцидентот се случил во логорот на Бундесверот во северно-авганистанската провинција Кундус.

„Раната не е последица на напад од страна“, се вели во штурото соопштение на командата на мисијата. Дали истрелот е дело на војник од составот на заштитните сили ИСАФ или од авганистанските сојузници или соработници, останува отворено прашање. Војникот е опериран, неговата здравствена состојба е стабилна, соопшти Бундесверот. Истрагата за инцидентот е во тек.

Ова не е прв ваков случај меѓу германските војници во Авганистан. Минатата година еден војник при обуката му пукаше на друг во ногата. Најтешкиот инцидент се случи кратко пред Божик 2010. година, кога војник на Бундесверот уби свој другар. 20-годишниот војник „си играл“ со оружјето. Покраинскиот суд во Гера него подоцна го осуди на двегодишна условна казна затвор. Судијата беше вчудовиден од тоа што за еден млад човек „оружјето има квалитет на играчка“.