1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германски брод шпионира пред брегот на Сирија?

Еден брод за шпионажа на германската морнарица, според медиумските извештаи се наоѓа во близина на сириското крајбрежје. Весникот „Билд ам Зонтаг“ јавува дека бродот е опремен со најмодерна извидувачка технологија.

Германската разузнувачка служба БНД во овој момент, според извештајот на весникот „Билд ам Зонтаг“, со шпионски брод пред брегот на Сирија индиректно ги поддржува сириските бунтовници во борбата против силите на властодржецот Башар ал Асад. Таканаречениот морнарички разузнувачки брод има најмодерна техника за шпионирање, со која е можно детектирање и надгледување на движењата на воените трупи до 600 километри длабоко во сириската територија, се вели во извештајот на „Билд ам Зонтаг“.

Прислушкување од Турција

Според него, БНД добиените сознанија, на пример околу операциите на трупите на Башар ал Асад, им ги проследува на своите британски и американски партнери. Преку нув, пак, информациите стигнуваат до бунтовниците од Слободната армија на Сирија.

Deutschland Baustelle BND

Новото седиште на БНД

Според информациите на весникот, агенти на тајната служба на Германија се стационирани и во базата на НАТО во Адана во Турција. Од таму припадниците на БНД веќе го прислушкуваат телефонскиот и радио сообраќај во Сирија. Покрај тоа се оддржуваат и неформални контакти со извори во директното опкружување на режимот на Асад, пишува „Билд ам Зонтаг“. Германската разузнувачка служба досега ги нема коментирано, ниту заземено став за извештајот на весникот.