1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германските фудбалери загубија од Холандија

По слабото прво полувреме, следуваше спектакуларно второ, но тоа сепак не беше доволно за да се спречи пораз-на почетокот на ЕП во Израел. Фудбалската репрезентација на Германија до 21 година загуби од Холандија со 2:3.

Неконцентрирани, игра полна со грешки, која не е на ниво на Европско првенство - така може да се оцени првото полувреме на почетниот натпревар за Германија на ЕП во Израел. Во првите 45 минути Холандија поведе со 2:0. Вторите 45 минути Германците ги одиграа спектакуларно, енергично и полни со самодоверба. Изедначија на 2:2, но во последните моменти на натпреварот Холанѓаните успеаја да дадат трет гол и да го решат натпреварот во своја полза.

Сега Германците би морало да победат на двата преостанати натпревари во групата Б, против Шпанија и Русија, доколку сакаат да имаат шанса за натамошен пласман. Особено мечот против Шпанците, кои важат за топ-фаворити, ќе биде тежок. Шпанија, која е актуелен првак во оваа конкуренција, ја победи Русија со 1:0.