1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Германските фондации се враќаат во Грција

По долгогодишно отсуство германските невладини организации се враќаат во Грција. Предизвик се должничката криза и нарушените германско-грчки односи

На почетокот на 1990. години германските политички фондации отвораа канцеларии насекаде низ источна и средна Европа. На тој начин тие сакаа да помогнат во изградбата на демократијата и зајакнувањето на цивилните општества. Но, како што се намалуваше поддршката на државата за овие проекти, така и фондациите ја намалија или дури и ја прекинаа својата работа во голем број земји. Либералниот Фридрих Науман, христијанско-демократската Конрад Аденауер и социјалдемократската Фридрих Еберт фондација ги затворија своите канцеларии во Грција кон крајот на 2005. година. Грција тогаш важеше за изградена демократија и солидна членка на ЕУ.

Но, по избувнувањето на драматичната должничката криза, Грција не беше потресена само на економски план. Дојде и до политичка нестабилност, криза на државата и општеството, како и заладување на германско-грчките односи. Од

Christos Katsioulis und Nicole Katsiouli

Христос Кациулис (лево)

тие причини, фондациите одлучија да ги обноват своите мисии во Грција.

„Јасно е дека германско-грчките односи не се на најдобро ниво и дека комуникацијата е во прекин“, вели Христос Кациулис, кој раководи со канцеларијата на Фридрих Еберт во Атина. Тој смета дека Грција и Германија ја загубиле „заедничката цел- Европа“. За да се спречат ваквите појави Бундестагот му одобри на министерството за надворешни работи дополнителни пет милиони евра кои ќе им бидат ставени на располагање на шесте политички фондации кои работат во Грција во следните три години.

Секој со различни идеи

Од либералната фондација Фридрих Науман најавуваат дека тие во Грција ќе се залагаат за човековите права, правната држава, како и за промоција на меѓусебната соработка. За фондацијата Роза Луксембург, која е блиска до партијата на Левицата, клучна во Грција ќе биде битката против неонацизмот, сиромаштијата и последиците од кризата, особено за жените.

Од фондацијата Хајнрих Бол, која е блиска до Зелените, најавуваат дека ќе се залагаат за поддршка на грчките острови со цел да им овозможат преку алтернативни извори да се снабдат со електрична енергија.

„Имаме повеќе идеи за модернизација на грчката економија и отворање

Griechenland Finanzkrise Schlange von Arbeitslosen in Athen

Невработени Грци чекаат пред канцеларија на министерството за труд во Атина

работни места“, вели Олга Дросу, раководител на канцеларијата на Хајнрих Бол во Атина.

Од Конрад Аденауер наведуваат дека освен поддршката на економијата, ќе се залагаат и за стипендирање на грчките студенти кои сакаат да студираат во Германија.

„Ние сакаме да емитираме сигнали кон Германија кои ќе помогнат луѓето да разберат што навистина се случува тука“, објаснува Сузана Фогт од канцеларијата на Конрад Аденауер во Атина.