1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските фирми се селат во Салцбург

Од културна, Салцбург полека се развива во економска метропола.

default

Салцбург

Градските власти создадоа најповолни услови за економски развој, што претставува вистински магнет за германските фирми

“ Во Германија отворив фирма и прво што добив од власта беше сметка. Во Австрија најпрвин добив телефонски повик. Ме прашаа, како можеме да ви помогмнеме?

Оваа мала но битна разлика не е единствената причина заради која Мохаел Бромбергер од Германија се решил да отвори претставништво на својата фирма во Салцбург. Таму тој плаќа помал данок, помали плати за работниците и помала кирија за деловните простории. Причина плус за да се отвори бизнис во родниот град на Волфганг Амадеус Моцарт е и добрата логистика и лесниот пристап до пазарите во источна Европа.

Бромбергер, кој е сопственик на фирма за производство на големи рекламни паноа, смета дека направил извонреден економски потег:

“ Тука наидуваме на силна поддршка, за разлика од Германија каде никој не го интересираше како една фирма со околу 30 вработени се бори за освојување на дел од евроспкиот пазар“

Ингеборг Роле, чија фирма со седиште во Баварија се занимава со развој на медицинска техника, не стравува дека во соседна Австрија заради високите даноци ќе мора да ги запре истражувачките проекти. Напротив, ваквите проекти во Австрија се субвенционираат. Дел од таквата поддршка Роле ја добила со помош на градските власти на Салцбург

“ Во мала држава претприемачот брзо станува личност која има одрдено значење. Луѓето и политичарите покажуваат голем интерес за нашата работа. Освен тоа, за секоја работа е потребна раширена мрежа на оние кои знаат за вас и кои ве поддржуваат. Овде тоа се постигнува многу побргу“

Салцбург има и посебна агенција за поддршка на новите фирми. Таа е специјализирана за фирми кои имаат седиште во Германија и сакаат да отворат свое претставништво во Австрија. Само во текот на минатата година пристигнале повеќе од 200 барања за ваквата можност. Градот на Моцарт така станува се поинтересен и за претприемачите.