1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските фирми на цена

Странските инвеститори согледаа, дека германските претпријатија профитираат од опоравувањето на светската економија. Тие засилено купуваат акции од германски претпријатија.

default

Германските претпријатија се најчесто извозно ориентирани и профитираат од опоравувањето на светската економија. Некои во минатата година постигнаа рекордна заработка. Се чини дека инвеститори од странство подобро согледаа колку е добро поставено германското стопанство, отколку некои од овдешните, па засилено купуваат акции на германски фирми. Но, медалот има и друга страна.

На почетокот од 2009 година, во време на кулминација на финансиската криза, многумина се посомневаа во иднината на германската автомобилска бранша. Токму тогаш шеикот Кадем Ал Кубаиси од емиратот Абу Даби вложи во „Дајмлер“ две милијарди евра од државниот фонд со кој раководи. Потегот се покажа повеќе од исплатлив - акциите на „Дајмлер“ тој ги купи по цена од 21 евро за акција, а нивниот курс денес изнесува 55 евра.

Das Bayerkreuz

Шеикот не е единствениот кој во изминатите години покажа наклонетост кон германските концерни. Кај производителот на спортска опрема „Адидас“, на пример, странските инвеститори поседуваат 73 проценти од акциите. Пред десет години нивниот удел изнесуваше 53 проценти. На цена се и претпријатија од фармаколошката област, како на пример „Бајер“. Во него инвеститори од странство во меѓувреме поседуваат дури 77 проценти од акциите. Мнозински посед странски акционери имаат и врз германската берза, а својот удел значително го зголемија и во Германската пошта.

Автор: Мелани Маркер/ Зоран Јордановски

Редактор: Александра Трајковска