1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

25. години од падот на Берлинскиот ѕид

Германските ученици не си ја знаат историјата

20 години по падот на Берлинскиот ѕид, германските ученици имаат огромни празнини во знаењето кога станува збор за историјата на поранешната Германска Демократска Република (ГДР).

default

За времето на ГДР се знае малку

До ваков резултат доаѓа репрезентативната студија на Слободниот универзитет во Берлин. Студијата опфаќа ученици на возраст од 15 до 17 години. „Како се викал претседателот на Државниот совет на Германската Демократска Република: Знаете? ...Вили Бранд? Не!...Ерих Хонекер? Да, точно!“

Ваква несигурност во одговорите е забележлива кај сите 5000 ученици опфатени со студијата. Тие се по потекло од источните и западните покраини, родени се по распадот на ГДР и, со тоа, немаат лични сеќавања на таа историска епоха. Политикологот Клаус Шредер од Слободниот универзитет Берлин, кој раководел со студијата, вели: „Тоа не зависи од полот, видот на училиштето, потеклото, возраста. Во секоја германска покраина е исто - колку повеќе се знае, толку понегативно се вреднува ГДР и таа се карактеризира како диктатура. Колку помалку се знае, толку помалку негативно се вреднува, толку е поголема нерешителноста, или поголем е позитивниот поглед. Оттука, претпазливо извлекуваме заклучок дека доколку училиштата работат повеќе на разјаснување на настаните од тоа време, доколку учениците знаат повеќе, токму во Источна Германија, толку повеќе ќе се промени и нивната слика, нивната оценка за ГДР.“

Знаењата и на учениците од западна и од источна Германија - еднакво лоши

Во Западна Германија секој трет, а во Источна Германија дури секој втор ученик не смета дека ГДР била диктатура. Во покраината Бранденбург, на пример, повеќето од половината ученици не сметаат дека некогаш застрашувачкото Министерство за државна безбедност

Symbolbild Flash Special DDR Flucht Timeline

Колку помалку се знае за ГДР, толку помалку негативно се вреднува, толку е поголема нерешителноста, или поголем е позитивниот поглед

било толку опасно и тајната служба Штази ја третираат како нормална тајна служба, каква што има секоја држава.

Знаењата на тинејџерите во западните покраини Северна Рајна Вестфалија и Баварија не се многу подобри. Само мал дел ученици знаат дека во ГДР, се‘ до почетокот на 80-тите години имало смртна казна. Нема или има сосема малку познавања за секојдневните репресии, за доушничкиот и насилничкиот апарат, за специјалните затвори, за бегалците преку Ѕидот: „Ѕидот бил изграден во 1940 или така нешто. Не знам. Не било толку одамна. Инаку, знам дека на едната страна одело релативно добро, а на другата лошо. Сметам дека позитивно е што ГДР многу ги поддржувала децата кои имале афинитет за спорт.“

Секој трет ученик смета дека канцеларите на Западна Германија - Конрад Аденауер и Вили Брант, биле политичари на ГДР. Датумот на почетокот на изградбата на Ѕидот, 13 август 1961, не го знаат 54% од учениците во Бранденбург.

Се предимензионира социјалната страна на ГДР

Источногерманските ученици со големо мнозинство ја фалат социјалната страна на ГДР, додека западногерманските ученици претежно сметаат дека таа била диктатура, но мнозинството кое размислува вака е кнап. 44% од испитаниците од Источна Германија веруваат дека животната средина во ГДР била почиста отколку во Сојузната република. Младите од Источна Германија имаат социјалноромантична слика за диктатурата на СЕД. Тие не можат да направат јасно двоење на демократија и диктатура и не се информирани

Die DDR lebt weiter - ostdeutsche Schulkinder in Jungpionier Uniform

Учениците ја преценуваат социјалната ситуација во ГДР, додека нејзините темни страни не се тематизираат

за економскиот пад и еколошката запустеност на ГДР. Клаус Шредер заклучува дека „...социјалната страна на ГДР се предимензионира, а притоа она што било социјално во ГДР не е вистински препознато. На пример, сите го споменаа правото на работа, а дека постоела обврска да се работи и дека доколку се одбиела некоја доделена работа следувала казна, во најлош случај дури и заминување во работен логор, тоа учениците не го знаеја. Тие сметаат дека пензиите во ГДР биле посигурни и повисоки. Целата социјална ситуација се преценува, додека темните страни на ГДР не се тематизираат. На пример, обемот на политички прогон, дури и на млади луѓе, не го познаваше никој.“

Шредер зборува за двојна поделеност - западногерманските ученици, во основа, ја фаворизираат Сојузната република, додека нивните источногермански врсници сметаат дека ГДР била подобра: „На запад нема интерес и ГДР, за жал, не се разбира како дел од заедничката германска историја. На исток, пак, се работи за малку сочувство и заштита на родителите. Младите имаат впечаток дека ГДР треба да се прикажува во лошо светло, за нивните родители да бидат прикажани во лошо светло. Не се прави разлика меѓу системот и живеачката, меѓу диктатурата од една и животот на поединецот од друга страна. И, меѓу причините, не како последна, треба да се наведе стравот на младите од иднината. Тие стравуваат што ќе стане од нив и тука, погледнато наназад, ГДР им изгледа како систем кој давал поголема заштита.“

Автор: Михаел Марек / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Александра Трајковска