1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските туристи го спасуваат буџетот

Германците, и покрај кризата, важат за светски прваци во патување. Тоа ги радува земјите од ЈИЕ - туризмот за многу од нив е важна економска гранка, а најголемиот дел од гостите се Германци.

На крајот туристичката сезона во Југоисточна Европа ќе излезе добра, барем што се однесува до бројот на гости од Германија, сметаат германските туристички агенции. Годината почна со воздржаност, особено за Грција. Се зборуваше дека претстои „катастрофална година“, се претпоставуваа 30 проценти помалку резервации отколку во претходната година. Меѓутоа, најновите податоци велат дека Грција се‘ уште е на трето место на најомилените туристички цели на Германците, зад Шпанија и Турција. Ако така продолжи, Грците оваа сезона би можеле да ја завршат со минус помал од 10 проценти во споредба со претходната година. Туристичката бранша тоа го толкува како успех, „зашто во 2011. година бројот на германски туристи во Грција изнесуваше 2,5 милиони што претставуваше скок од 12 проценти во

Griechenland Wirtschaft Tourismus

Грците оваа сезона би можеле да ја завршат со минус помал од 10 проценти во споредба со претходната година

споредба со претходната година и беше апсолутен рекорд“, вели Панајотис Скордас, директор на Грчката централа за туризам во Германија.

Тоа е дотолку поважно ако се има предвид дека на почетокот на годинава германско-грчките односи се чинеа трајно оштетени. Во грчкиот печат германската канцеларка беше прикажана во нацистичка униформа, додека германскиот булеварски печат им препорачуваше на Грците да си ги продаваат островите или дури и Акропол за да ги исплатат долговите. Во меѓувреме, духовите се смирени, објаснува Нина Креке од туристичкиот концерн „Томас Кук“, „така што Германците повторно стекнаа доверба и резервираа“.

Данке Дојчланд!

Добри вести доаѓаат и од Хрватска. Земјата е „шутинг стар“ на сезоната,

Kroatien Strand Urlaub

Во првата половина од годината за одмор во Хрватска се одлучиле речиси еден милион Германци

објаснува Томас Шефер од Германскиот туристички сојуз. Тоа го потврдуваат и бројките. Во првата половина од годината за одмор во Хрватска се одлучиле речиси еден милион Германци, што е 15 проценти повеќе од лани. Тоа за Хрватска е дотолку поважно ако се земе предвид дека годинава поради кризата во својата земја на одмор доаѓаат многу помалку Италијанци. „Германците го спасија хрватскиот буџет“, напиша еден голем хрватски весник и додаде: „Благодариме Германијо!“

За туристичката бранша да остане на патот на успехот Хрватска веќе донесе одлука за намалување на данокот на додадена вредност за туристички услуги од 23 на 10 проценти.

Бугарија - земја за штедливите семејства

Во одморалиштата на Црното море во последните години се изградени стотици

Bulgarien Urlaub Jugendliche

Бугарија е за луѓе кои мора да внимаваат колку трошат на одмор

бетонски објекти кои привлекуваа гости од странство пред се‘ со ниски цени. Тоа имаше негативна последица - акцент се става на евтиниот масовен туризам, а богатите гости од странство ги нема.

Ника Креке од „Томас Кук“ потврдува: „Земјата е за луѓе кои мора да внимаваат колку трошат на одмор.“

Со ваквиот концепт земјата годинава се најде на петтото место на листата на „Некерман патувања“ на најомилени дестинации на Германците. Во првите седум месеци од годината се регистрирани 600.000 туристи од Германија.

Турција - омилена туристичка цел

За во наредниот период да има уште повеќе туристи, Бугарија треба да се угледа на примерот на Турција, оценува Катрин Шпихала од концернот „ТУИ“:

ITB Berlin 2010 Flash-Galerie

Турција вложува многу во реклами, но и во квалитетни услуги

Турција екстремно се обидува да остане во главата на луѓето во сеќавање како дестинација, со многу ангажман и многу финансиски вложувања, како на пример преку реклами на ’вистинските’ тв-канали, или како земја партнер на туристичката берза во Берлин. Тоа во Бугарија го нема.“

Но, освен рекламите, важен е и квалитетот, вели Нина Креке: „Турција нуди производ од доверба, квалитативно многу добри хотели и многу професионален сервис“.

Дека тоа се исплати, покажуваат бројките - Турција, по Шпанија, е втора најомилена дестинација на Германците. Германско-турската фондација за образование и економски истражувања ТАВАК прогнозира дека годинава бројот на германски туристи во Турција ќе достигне над пет милиони, што е пораст од седум проценти.“