1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германските тинејџери се‘ помалку пушат и пијат алкохол

Во Германија континуирано се намалува конзумирањето алкохол, хашиш и никотин. Пушењето и пиењето алкохол кај тинејџерите воопшто не се „ин“ - бројот на конзументи е преполовен во последните 10 години.

Германија бележи напредок во борбата против зависностите. Според новиот извештај на германската влада, особено се напредува во борбата против зависности кај младите. „Во Германија има добра понуда на превентивни мерки“, изјави ополномоштеникот на германската влада за прашања на дроги, Мехтилд Дикманс.

Бројот на починати лица од зависности во 2012 година изнесувал 944 и е најнизок во последните 35 години. Се констатира и генерално намалување на конзумирањето цигари, дрога и алкохол. Конзумирањето алкохол, на пример, кај тинејџерите на возраст од 12 до 17 години за десет години се намалил од 17,9% на 14,2%. Процентот на пушачи во истиот период и кај истата популација е намален од 27,5 на 11,7. Исто така, значително е намалено конзумирањето канабис - од 92% на 4,6%.

Работите изгледаат поинаку кај младите на возраст од 18 до 29 години. Според извештајот на Владата, околу една третина од жените и речиси половината од мажите пијат по пет или повеќе чаши алкохол едно по друго.

Mechthild Dyckmans Drogen- und Suchtbericht 2013

Мехтилд Дикманс, ополномоштеник на германската влада за прашања на зависности

Ополномоштеникот за прашања на дроги Дикманс околу опасноста од ширење на нови дизајнерски дроги, како што е кристал мет, е воздржана. „Разговарам со ополномоштениците за дроги во градови како Хамбург, Франкфурт, Берлин, каде што претежно се јавуваат вакви трендови, и оттаму се вели дека кристал дрогата се‘ уште не е проблем.“ Сепак, ситуацијата се набљудува постојано и се знае дека во граничните региони со Чешка, каде што оваа дрога, според претпоставките, засилено се произведува, тоа е голем проблем.

Мехтилд Дикманс нагласува дека нова сфера во борбата против зависности е зависноста од интернет. Има луѓе кои поради интернетот ја губат контролата над својот секојдневен живот, дека потфрлаат на училиште и на работа и дека ја запоставуваат личната хигиена. Повикувајќи се на истражување од 2011 година, Дикманс наведе дека во Германија околу 560.000 луѓе се зависни од интернет, а дваипол милиони лица се ставени во категоријата - проблематични корисници.