1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германските тимови пред голем предизвик

Сите три германски тима во Лигата на Шампионите се со добри шанси да минат во следната рунда. Денеска е денот „Д“ за Борусија, додека Шалке и Бајерн Минхен имаат уште една недела за подготовка пред реванш-дуелите

Бундеслигата царува со Лигата на Шампионите. Тоа е пораката која ја испраќаат германските медиуми деновиве. Ова е само втор пат како три германски претставника се најдоа меѓу последните 16 во најелитното натпреварување, а доколку Бајерн, Борусија и Шалке минат во следната рунда, тоа ќе биде случај без преседан. Последниот пат кога се случи тоа, во сезоната 2004/05, Леверкузен и Бремен испаднаа во осминафиналето, додека Бајерн во следната рунда. Годинава состојбата е поинаква.

Бајерн речиси ја заврши целата работа уште на првиот меч во Лондон, каде славеше против Арсенал со 3:1. Борусија и Шалке се вратија од гостувањата во Доњецк и Истанбул со нерешени исходи кои им даваат голема причина за оптимизам во реваншот.

По долгата негативна серија, Шалке се врати на вистински колосек токму на првиот меч во Истанбул. Иако Галатасарај важеше за фаворит, особено откако во зимскиот преоден рок му се приклучија ѕвезди од типот на Дидие Дрогба и Весли Снајдер, Шалке извлече реми 1:1, по кое и меч без голови на домашен терен го води во следната рунда.

На хартија, уште полесна задача има Борусија. Актуелниот германски првак во последните моменти од првиот дуел во Доњецк извлече 2:2 против силниот

FC Barcelona - Real Madrid

Кристијано Роналдо

Шахтјор. Тогаш на сцена стапи дефанзивецот Матс Хумелс, но прашање е дали ќе биде подготвен за вечерашниот дуел во Дортмунд.

Кај љубителите на фудбалот најголемо внимание вечерва веројатно привлекува дуелот меѓу европските великани Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид. По нерешените 1:1 на првиот меч во Мадрид, сите карти се на масата пред вечерашниот реванш. Шпанците имаат подобар скор во меѓусебните дуели, а во своите редови го имаат и Кристијано Роналдо, поранешната ѕвезда на британскиот тим.