1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските средни фирми со успех работат во Русија

Бум на економијата во Русија. Странските фирми се повеќе инвестираат во земјата богата со суровини. И германските средни фирми се повеќе се присутни.

default

Соработката ја поттикнуваат највискоите претставници на двете земји Меркел и Путин

Германската фирма Вернер и Пфлајдерер со успех испорачува опрема за пекарската индустрија. Михаел Шулц од 1989 година го води претставништвото на фирмата во Москва:

„Од 2003 година имаме постојан пораст, што во последните две години доведе до удвојување на прометот во Русија„.

Бруто-националниот производ во Русија неколку години годишно расте за околу 7 проценти. Многумина Руси заработуваат повеќе, сакаат автомобили, козметика и апарати за забава. Германските фирми соопштуваат за добри зделки. Затоа се упатуваат кон Русија, основаат претставништва. Михаел Хармс, претставник на германското стопанство во Русија:

„Посебно успешни бранши се на пример, машинската или индустријата за опрема. Во првата половина на годинава извозот германски машини порасна за 40 проценти. Тоа покажува дека во Русија расте процентот инвестиции и дека многу фирми се модернизираат, а токму на тој план Германците се посебно добри. Меѓутоа, не заостануваат и сите други бранши„.

Германско - руската трговска размена во минатата година првпат ја мина границата од 50 милијарди евра. Сепак, рускиот бизнис не е едноставен: јазични и правни проблеми, а многумина се жалат на бирократијата. Михаел Шулц:

„Постојано нови правила и на тоа мора да се внимава. Ние имаме соработничка која не работи ништо друго, туку токму со тие прашања. Тоа ни ја отежнува работата„.

Напротив, фирмите во корупцијата не гледаат посебен проблем, вели претставникот на германското стопанство Михаел Хармс:

„Во Русија има корупција и тоа не е тајна. Ако ги слушате говорите на претседателот Путин, тој постојано зборува за тоа. Нашите фирми меѓутоа, поради строгите правила во Германија, се обидуваат да излезат на крај без корупција„.

Се поставува прашањето, како го прават тоа германските фирми во земја во која, според Транспаренси интернешенел, корупцијата е толку проширена? Михаел Шулц од Вернер и Пфлајдерер:

„Повеќе војувам во подрачјето на царинските права. Понекогаш дозволувам да биде вратена стоката во Германија, отколку да поткупам некој цариник. Според мене, за странска фирма тоа е премногу ризично.„.