1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Германските политичари и дилемата Сочи

Прашањето за правната држава и човековите права во Русија фрла сенка и врз ЗОИ во Сочи, сметаат бројни германски политичари. Долго и жестоко се дискутираше за тоа кој ќе патува или ќе одбие да се појави таму

Рускиот претседател во Сочи. Олимпијадата треба да им го подобри имиџот на Путин и на Русија. Тој се обидува да спречи протести на активисти за човекови права и хомосексуалци против неговата политика.

Германскиот претседател Јоахим Гаук, веројатно и поради тоа, реши да не патува во Сочи, а ни германската канцеларка Ангела Меркел, која има комплицирани односи со Путин, засега не планира патување.

Социјалдемократот Гернот Ерлер, нов владин координатор за Русија, го сметаат за пријател на таа земја. Тој бара да не се постапува грубо со Путин и брзо да се разјасни кој ќе оди во Сочи:

„Се надевам дека ќе произлезе решение кое ќе го сигнализира и интересот на германската страна за конструктивна соработка со Русија, посебно во актуелните меѓународните прашања“.

За опозиционите Зелени тоа е премногу млако, копретседателот Џем Оздемир истакнува:

„Господин Путин, де факто, владее автократски. Посакувам владата и владиниот координатор за Русија, со целата неопходна дипломатска умешност, тоа сепак да го кажат со нужната директност“.

ЦДУ смета дека владата сепак треба да биде претставена во Сочи. Пратеникот Волфганг Бозбах е дециден:

„Ако некој од германската влада патува во Сочи, тоа сосем сигурно не е гест на поклонување пред режимот во Русија, туку на солидарност и симпатија кон спортистите“.

За спортот е надлежен министерот за внатрешни работи. Томас де Мезие отиде во Сочи, и политички ја претставува Германија на Олимпијадата.