1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Германските младински хостели доживуваат преродба

Младинските хостели во Германија доживеаја голема трансформација. Од 1912-та година, кога беше отворен првиот хостел во земјата, тие нудат се‘ повеќе еколошки содржини и организираат меѓународни волонтерски програми

default

Младински хостели има низ цела Германија

Во светот има многу младински хостели, но малкумина знаат дека за првпат се појавиле во Германија. Рихард Ширман, германски учител, уште пред 98 години дојде на идеја да им понуди ефтино сместување на млади туристи, кога им понуди заштита на група планинари од бура. Ширман го отвори првото младинско преноќиште на 1 Јуни 1912 година во замокот Алтена, во северозападна Германија. Алтена се‘уште е отворена за гости, а оригиналните соби сега се претворени во музеј.

Во меѓувреме, многу други хостели ги отворија своите врати за младите туристи. Германската асоцијација на младински хостели располага со 562 хостели, од Зилт, во северна Германија, па се‘ до Оберсдорф, во јужниот дел на земјата.

Четириесет хостели се лоцирани во стари замоци и на поранешни благороднички имоти, вклучувајќи го тука и замокот Нуремберг. Некои хостели се изградени на стари градски тврдини, како што е Герлиц во Саксонија. Тој е наречен „тврдина“ и беше комплетно реновиран пред неколку години. Доколку пак сакате да бидете во близина на морето, можете да престојувате во хостелот во Росток во северна Германија, кој што всушност се наоѓа на трансформиран товарен брод.

Старо, но не и неупотребливо

„Во споредба со порано, младинските хостели комплетно се трансформираа“, вели Кнут Динтер од германската асоцијација на младински хостели.

Jugendherberge in Bacharach Deutschland Burg

Бахарах е еден од најпопуларните германски хостели

„Беа вложени големи напори за да се модернизираат хостелите и да се подобрат услугите во нив. Може да се каже дека младинските хостели се многу повеќе од „bed and breakfast“(место за преноќување и појадок).

Германската асоцијација на младински хостели, со 74. 500 легла и 1,9 милиони членови, е најголема од 80-те колку што ги има во светот. Асоцијацијата во 2006-та година регистрираше 10 милиони преноќувања. Членството во асоцијацијата предвидува задолжителен престој во германските младински хостели. Асоцијацијата беше формирана во 1919 година, од учителот Ширман, како дел од планинарската асоцијација на Германија, но стана независна во 1949-та година.

„Позеленување“

Jugendherberge in Köln Gruppe vor dem Gebäude Deutschland

Во Келн е реновиран и хостелот во центарот на градот

На многуте хостели кои се лоцирани во старите замоци, неоходно им е реновирање за да се прилагодат на новото време. Но, покрај тоа што се работи на подобрување на условите за сместување и да им се овозможи пристап на хендикепираните лица, хостелите исто така се грижат и за заштитата на животната околина.

Првиот германски социо - еколошки хостел беше формиран во 2000-та година, во градчето Мироу, во источниот дел на Мекленбург Предна Померанија. Хостелот беше изграден со еколошки материјали и користи соларна енергија. Изминатите седум години, уште 18 младински хостели станаа специјализирани еколошки

Jugendherberge in Garmisch-Partenkirchen Bayern Deutschland

Опкружен од природа, хостелот во Гармиш Партенкирхен во Баварија

центри, чии вработени промовираат информации за заштита на животната средина и овозможуваат еколошки рекреативни активности.

Многу германски младински хостели, исто така, нудат програми за локалната историја, културата како и знаменитостите на тоа место. Тие организираат и курсеви за посетителите, како на пример за правење маски или драмски работилници.

Во Бон, на пример, има културен центар за композиторот Бетовен, кој е роден во градот. „Најголем дел од гостите сакаат да зборуваат за политичкото минато на Бон и да ги посетат местата каде порано се одвиваа главните политички настани во Германија. Сепак, луѓето од Азија, особено од Јапонија, сакаат да ги посетат областите како брегот на реката Рајна. Ја нарекуваат „романтична“ Рајна“, вели Винфред Хекер од бонскиот хостел.

Се` за размената

Хостелите веќе не се ограничени само за младите луѓе. Иако младите се 80% или 90% од клиентелата, добредојдени се луѓе од сите возрасти, вклучително и семејства.

Jugendherberge in Köln Gruppe im Zimmer Deutschland

Место за средби на млади од цел свет

Германската асоцијација на младински хостели се залага за промовирање на толеранцијата и меѓусебното разбирање. Со цел да овозможи културна размена меѓу туристите, организацијата организира младинска размена и програми на различни теми: справување со предрасудите, искуства со демократијата и секојдневието на младите луѓе.

Асоцијацијата исто така има волонтерска програма, која организира работа во хостели надвор од Германија.

„Младинските хостели се вистински места за меѓународни средби, а ние би сакале да ги промовираме идеите за мир и толеранција, со цел да ги сплотиме луѓето“, вели Динтер.