1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските менаџери не сакаат големи подароци

Во божиќниот период германските раководители се скромни - според една анкета, најголем дел од нив повеќе се радуваат на лично напишани честитки од нивните бизнис-партнери, отколку на скапи подароци.

default

Исклучоци има, но по правило, сепак, најголемиот дел од луѓето со задоволство примаат подароци. Подароците, колку и да се мали, особено во предбожиќниот период покажуваат колку е важен меѓучовечкиот однос. И германските раководители имаат сличен став, покажува една анкета на фирмата за персонални прашања „ЛАБ“ од Диселдорф. Со истражувањето биле опфатени 531 менаџери во Германија. Она што изненадува во дигитална ера, е дека тие, пред се‘, се радуваат на рачно напишаните писма и честитки, вели Клаус Аден, раководител на ЛАБ:

„Од резултатите на анкетата може да се заклучи дека се‘ уште 85 проценти од менаџерите посакуваат божиќно писмо или честитка од својот бизнис-партнер. Ако тие се уште и рачно напишани и имаат лична содржина, тогаш е тоа врв.“

Божикната пошта во служба на деловните релации

Значи ништо друго не е толку ценето како време и внимание. Конечно, како што смета голем дел од менаџерите, божиќната пошта им служи на деловните

Deutschland Adventskalender Weihnachtskarten

Рачно напишана честитка вреди повеќе од скап подарок, велат менаџерите

релации. Честитки без персонална нота не докажуваат дека некој ве цени, вели еден од испитаниците. Прилично непосакувани се божиќни честитки по имејл. Само шест проценти од испитаниците се радуваат на такви честитки, додека имејл поздрави испраќаат три пати повеќе менаџери.

Ако порано беше правило, токму во последните недели на годината во канцелариите да се трупаат вредни, скапи божќкни подароци, менаџерите денес од вакви подароци се чувствуваат незгодно:

„Со други зборови, има менаџери кои имаат грижа на совест ако добијат скап подарок“, нагласува Аден.

Шише вино не се одбива

Тука во игра доаѓа еден аспект на претприемачката филозофија, наречен „комплајенс“. Тоа е самообврзување на еден претприемач, односно менаџер, да се држи до одредени насоки зададени од законодавецот или од раководството на фирмата. За тоа има цврсти причини - претпријатието треба да се заштити од негативни последици, а скапи подароци од деловните партнери може да му донесат имиџ на поткупливост на менаџерот. Сепак,

pa_Stockfood_CMS.jpgChampagner Korken springt aus Sektflasche, Hintergrund: Feuerwerk

Шише пијалок не се одбива

едно-две шишиња вино раководителите не одбиваат, покажува анкетата:

„Вино и други пијалоци не се најгоре на листата на посакувани подароци, но сепак, 20 проценти од менаџерите се радуваат се‘ уште на такво нешто. Меѓутоа, кога се работи за подароци кои се поскапи од 20 евра, а тоа е границата што ја зедовме за мерило во нашата анкета, тогаш повеќето се чувствуваат непријатно. Само околу 20 проценти одговориле дека го прифаќаат подарокот без да размислуваат. Другите велат дека ги проследиле подароците како добивки на извлекувањето томбола во фирмата или се обратиле за дозвола во фирмата околу тоа - да го примат подарокот или не.“

Променето е уште нешто - дел од германските фирми, кога станува збор за божиќните прослави, годинава се навистина скромни. На пример, втората по големина авиокомпанија - Ер Берлин, се откажа од помпезна прослава во голем берлински хотел, зашто бележи загуби. На напрегнатата финансиска ситуација реагира и енергетскиот гигант Еон. Голема прослава во Диселдорф, како сите години досега, нема. Кога станува збор за Дојче Телеком пак, тука работата изгледа поинаку - божиќен пазар во централата во Бон, за три илјади вработени.

Автор: Моника Ломилер / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Симе Недевски