1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германските кошаркари четвртфиналисти на светското првенство

Со тоа тие во Јапонија веќе го повторија пласманот остварен и пред 4 години

Новицки повторно најефикасен

Новицки повторно најефикасен

Победата на германската кошаркарска репрезентација над Нигерија со 78 спрема 77 е постигната со многу среќа. Германците навистина водеа, но никогаш не се одлепија повеќе од 10 поени од африканскиот вицешампион. Во драматичната завршница Нигеријците го имаа последниот напад, но шутот на Име Удока во последната секунда не беше прецизен, па Германците славеа победа.

Дирк Новицки со 23 поени и овој пат беше најефикасен во редовите на германската репрезентација. „На крајот по малку решава и среќата, а последите три мунити навистина не беа многу славни, веќе не игравме така, како дотогаш. Но, сепак успеавме“ – рече Новицки.

Нареден противник на Германија е селекцијата на САД, која во осминафиналето ја совлада Австралија со 113 спрема 73.

Поврзана содржина