1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Германските клубови стартуваа со реми во Лига Европа

Бундеслигашките фудбалски клубови стартуваа со нерешени резултати во групната фаза на Лигата Европа. Првото коло е комплетирано.

Штутгарт играше 2:2 против Стеауа Букурешт, Борусија Менхенглaдбах и АЕЛ Лимасол се разделија со резултат 0:0. Бајер Леверкузен и Металист Харков играа исто така 0:0, додека Хановер и Твенте Еншеде (фотографија горе) го завршија дуелот со резултат 2:2.

Со одигрувањето на 12 натпревари синоќа (20.09) се комплетира првото коло од Лига Европа. На останатите натпревари во групите, од Г до Л, постигнати се следниве резултати:

Г група: Генк – Видеотон 3:0 и Спортинг Лисабон – Базел 0:0.

Х група: Интер – Рубин 2:2 и Партизан – Нефчи 0:0.

И група: Атлетик Билбао – Ирони Шмона 1:1 и Олимпик Лион – Спарта Прага 2:1.

Ј група: Марибор – Панатинаикос 3:0 и Тотенхем – Лацио 0:0.

К група: Рапид Виена – Розенборг 1:2.

Л група: Леванте – Хелсингборг 1:0.

Bayer Leverkusen - FC Metalist Kharkiv

Од натпреварот Бајер Леверкузен - Металист Харков

Резултати на дуелите од првите шест групи:

А група: Удинезе – Анжи 1:1 и Јанг Бојс – Ливерпул 3:5.

Б група: Хапоел Тел Авив – Атлетико Мадрид 0:3 и Викторија Плзен – Академика 3:1.

Ц група: Фенербахче – Олимпик Марсеј 2:2.

Д група: Бордо – Бриж 4:0 и Маритимо – Њукасл 0:0.

Е група: Копенхаген – Молде 2:1

Ф група: Дњипро – ПСВ 2:0 и Наполи – АИК 4:0.