1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Германските индустријалци бараат олеснет контакт со Источна Европа

Водечките германски индустријалци бараат од владата во Берлин да им го олесни пристапот на бизнисмени од источна и југоисточна Европа во Шенгенската зона.

Водечките индустриски здруженија во Германија заеднички побараа од владата да го олесни визниот режим за луѓето од источна и југоисточна Европа, со цел да се отстрани уште една пречка во бизнис-контактите.

Шест индустриски групи, меѓу нив и водечкото здружение на германски извозници, како и водечките претставници на автомобилската и машинската индустрија, го потпишаа барањето. На поголемиот дел од жителите на источна Европа се‘ уште им се потребни визи за влез во Шенген-зоната.

Од германските здруженија велат дека актуелните визни бариери ги отежнуваат бизнис-контактите и размената на експерти, и ги ставаат во нерамноправна положба на пазарот. Оттаму бараат под итно да се преземат мерки со кои ќе се намалат бирократските пречки за граѓаните од источна и југоисточна Европа.

Германската економија е најголема во Европа и традиционално е извозно ориентирана.

Ж. Ацеска