1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Германските инвеститори во Македонија сакаат сигурност

Германските инвеститори во Македонија констатираат напредок во деловниот амбиент, но бараат конкретни чекори за отстранување на проблемите со правната несигурност и неефикасната јавна администрација

Македонија треба да се фокусира на привлекување мали и средни германски компании, но и засилено да работи на реформи во клучните области ако сака да ги привлече големите бизнис играчи од моќната европска земја. Најавите за неколку нови германски инвестиции како онаа на „Дрекслмаер“, „Кромберт и Шуберт“, според претставниците на германските компании во Македонија е добар сигнал, но се уште недоволен за привлекување на инвеститори од рангот на пример на онаа на Фиат во Србија:

„На Македонија и се потребни големи инвестиции од Германија, но мислам дека пред се’ и се потребни повеќе нови проекти од мали и средни претприемачи. Инвестиции, како онаа која ја објави Дрекслмаер кој како што разбрав ќе изработува делови за Мерцедес, исто така и онаа на Кромберт и Шуберт во Битола. Позитивно е што во последнава година има германски инвестиции и во други области освен автомобилската индустрија. На пример во аграрот се подготвува инвестиција за одгледување зеленчук во Богданци каде на 30 хектари германски инвеститор ќе произведува за извоз“, изјави за Дојче Веле Михаел Шмит член на управниот одбор на македонско германското стопанско здружение.

Иако за пролетва се најавуваше посета на германска бизнис делегација предводена од сојузниот министер за економија Филип Реслер, контактите од германска страна засега, барем јавно, се само на бизнис ниво.  Наспроти ова од македонска страна постои активно владино лобирање за привлекување инвеститори, што се демонстрираше неколкупати низ Германија каде највисокиот владин врв ги презентираше инвестициските можности на земјата. Шмит коментира:

„Во Германија економијата во најголем дел функционира независно од политиката. Големите компании се фокусирани кон брзорастечките пазари како Кина, Бразил или Индија каде со поддршка на државата, политиката, германските претприемачи можат да учествуваат во големи проекти. Македонија е многу мал пазар кој е привлечен за мали, фамилијарни, високоиновативни фирми кои инвестираат независно од политичката поддршка. Затоа се надеваме дека бизнис климата и условите за инвестирање ќе се подобруваат со што тие автоматски и ќе дојдат во Македонија“.

Проблемите исти како и лани

Fruit Logistica 2012

Германска фирма ќе инвестира во аграрот во Македонија

Оваа бизниз асоцијација која обединува над 150 компании во Македонија во најновата традиционална годишна анкета за конјуктурата во 2012 година констатираше подобрување во деловниот амбиент и квалитетот на работната сила, но и континуитет на неколку години за ред констатираните слабости со неефикасната администрација, нетранспарентните јавни тендери и правната несигурност:

„Ова се теми за кои сигурно треба да се ангажира и владата за да се постигне напредок во насока на интересите на идните инвеститори од Германија но и од која било друга земја. Критична е темата и со платежниот морал, односно ликвидноста во земјата која мора да се подобри. Резултатите од анкетата се релевантен показател за потенцијалните инвеститори кои на тој начин можат да се информираат. Ние се гледаме како еден вид платформа за контакти и посредништво за можните инвеститори“, коментира за Дојче Веле Матијас Ханел, кој од неодамна е претседател на македонско-германското стопанско здружение. Оваа бизнис асоцијација, најголема од ваков вид во Македонија, функционира веќе единаесет години.